за

Кина воведува норми за штетните испарувања во кабината

Кина воведува норми за штетни испарувања во кабината
Кина воведува норми за штетни испарувања во кабината

Кина планира да воведе строги норми за квалитетот на воздухот во кабината на автомобилите. Аналитичарите очекуваат дека тоа ќе доведе до поскапување кај евтините автомобили и ќе биде нов предизвик за производителите и нивните добавувачи.

Институциите за заштита на животната средина во Кина планираат воведување на строги и обврзувачки норми за квалитетот на воздухот во кабината на новите возила. Веста ја објави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на разговори со неименувани одговорни лица од Министерството за животна средина и екологија на народната република.

Постапката на тестирање предвидува возилото повеќе часови да се остави со херметички затворени врати и прозорци, по што ќе се врши мерење на количината на штетни материи во кабината. Институциите планираат да воведат особено строги норми во поглед на емисијата на формалдехид и бензол.

Дополнително ќе се мери и обемот на електромагнетни бранови во внатрешноста. Здружението на производители на автомобили во земјата уште во минатата година посочи дека не постои опасност по здравјето од електромагнетните бранови во автомобилите.

Производителите на автомобили, вклучувајќи ги и увозните автомобили, моментно можат да продаваат возила без каква било декларација за квалитетот на воздух во кабината. Институциите за заштита на животната средина уште во 2011 година објавија норми за нови патнички автомобили, но тие се само препорака и не се услов за хомологирање на возилото.

Познавачите очекуваат дека новите норми ќе предизвикаат зголемување на цените, поради повисоките трошоци за материјали и филтри. Новите стандарди најмногу ќе ги погодат производителите на евтини модели, затоа што материјалите што не испаруваат и клима уредите со ефикасни филтри веќе одамна се стандард кај поскапите возила.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
suzuki jimny победа избор off road магазин

Читателите на „Off Road“ избираа теренци на годината

rivian електричен пикап r1t

Rivian ќе претстави електричен пикап пред Tesla?