141
20 shares, 141 points

Кина спринтува кон иднината на автомобилизмот. Иновациите пристигаат како на подвижна лента, инженерите на кинеските производители на автомобили се на второто место во светот според иноваторската моќ. „Забавата“ со критикување на кинеските копии на популарни модели од глобалните марки заврши

Автомобилите од кинеските производители донеодамна ги препознававме како лоши копии на успешните модели од светските марки. Оваа слика во меѓувреме се смени драстично. Кина стана сериозен конкурент на автомобилските концерни што владеат на глобалниот пазар. Некогашниот аутсајдер стана иноватор. По бројот на иновации, Кинезите веќе ги престигнаа и Јапонците.

Германските автомобилски концерни и натаму ја поседуваат најголемата креативна моќ на светската сцена, но кинеските автокомпании следат веднаш по нив. Околу една третина од најважните иновации во автомобилската бранша во минатата година пристигнале од BMW, Daimler и Volkswagen. Комотна е предноста пред 18-те проценти на Кинезите, но тие напредуваат брзо.

nio es8

Уделот на кинеските иноватори се зголемил двојно во изминатите две години. Јапонците се на третото место со мал заостаток, а најмногу опаднала креативната моќ на американските техничари. Преклани, производителите на автомобили во САД уште имале предност пред Кина, додека лани нивниот удел во глобалното иноваторство спаднал на само 12 проценти.

Според новиот распоред на силите, кинеските концерни доаѓаат во позиција да ги предизвикуваат производителите од Западот со сопствени иновации

Напредокот на земјата не е случаен. Владата во Пекинг инвестира 300 милијарди евра во програмата Made in China 2025. Целта е Кина да го преземе лидерството на глобално ниво во десет бранши со најголем потенцијал за иднината. Автомобилската бранша секако е меѓу овие десет бранши.

Но, не е сé толку сјајно на светската иноваторска сцена. Вкупниот број на иновации што пристигнале од 35-те најголеми автомобилски концерни во минатата година се смалил за 12 проценти, на вкупно 1.223 иновации.

Кинеските автомобили донесуваат најмногу новитети во подрачјето на електричниот погон и во вмрежувањето

Кинеските производители не ги освоиле водечките места во ниту една категорија. Но, Geely и BYD постигнале толкав напредок во плагин-хибридната технологија што заостануваат незначително зад водечките германски производители. Најдобар пример за брзината со којашто напредува тамошната индустрија е компанијата Next. Таа лани претставила 50 технички новитети и истите ќе бидат дел од првиот сериски модел Nio.

Byton Concept CES 2018

До 2020 година, народната република ќе претстави 33 нови електрични автомобили. Со тоа, вкупниот број на кинески модели со погон на струја ќе се приближи до сто. Во истата временска рамка, германските марки ќе претстават 29 нови модели. Повеќето од нив ќе користат батерии на коишто се наоѓа налепница „Made in China“.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
20 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743