за

Кинескиот пазар за електрични автомобили се скуси за третина

Nio es6 pocetok proizvodstvo
Nio es6 pocetok proizvodstvo

Кина е најголем пазар за електрични автомобили во светот – и пазарот паѓа драматично. Во септември се продале за една третина помалку возила на струја отколку во истиот месец лани.

Продажбата на автомобили со погон само на струја на пазарот во Кина во септември се скусил за 33,1 проценти во споредба со истиот месец лани. Уште поголем е падот кај плагин-хибридите, чијашто продажба забележала минус 38,4 проценти.

Големата пазарна промена особено ги погодува специјализираните производители на електрични автомобили, затоа што Кина е најголем пазар за автомобили со погон на струја во светот. Во првите девет месеци од годинава во земјата се произведени околу 717.000 автомобили што возат на струја.

Продажниот бум на електричните автомобили во најголема мера се базираше врз масивните субвенции, со коишто продажбата од 10.000 е-возила во 2009 година, достигна до 1,26 милион возила лани. Само во 2017 година, кинеската влада ги субвенционираше производителите на електрични автомобили со вкупна сума во вредност од околу 3,1 милијарди американски долари.

Кинеската влада бара да се произведуваат автомобили со повисок квалитет

Со високите субвенции всушност се поттикна производството на евтини електрични автомобили со слаб квалитет. Поради тоа, кинеската влада во март годинава реши да учествува во цената на автомобилите што имаат досег од најмалку 250 километри. За електрични автомобили со досег поголем од 400 километри се преполови премијата. Од крајот на следната година, Кина повеќе нема да учествува во цената на новите автомобили на струја.

https://www.instagram.com/p/B2IBiwcHkG8/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC40 Recharge

Volvo XC40 без резервоар и без пумпа за гориво

Toyota Yaris

Новата Toyota Yaris е создадена да владее во градот