123
26 shares, 123 points

Веќе се три, а наскоро ќе бидат четири. Kia ќе ја дополни понудата од моделски изведби во семејството на Ceed со стилски кросовер на половина пат до СУВ, под името XCeed.

Kia Ceed уште е свежа по премиерата и моментно се очекува да стартува Proceed, како трета каросериска изведба покрај комбилимузината и комбито, а веќе има нова најава. На салонот во Женева во почетокот на март, Kia ќе ја претстави четвртата каросериска изведба.

Сцената долго време го спомнува кросоверот со точно погодено име XCeed, коешто потсеќа дека станува збор за модел на база на Ceed, но воедно звучи и како „exceed“, англиски за нешто претерано. Во случајов, дизајнерскиот тим околу Петер Шрејер нека претерува колку што знае и умее. Станува збор за кросовер, со зголемено растојание од подлогата и стилски додатоци во каросеријата, преземени од теренските возила.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од објавената скица може да се претпостави дека XCeed нема да биде „само“ Ceed качен на повисоко и со неколку пластични додатоци, туку е очигледно дека се работи за целосно различна каросерија, со нагласок на опашот како кај купе. Можно е предниот дел исто така да добие неколку сантиметри во висина, така што целата должина на страничниот појас ќе оддава повеќе робусен впечаток. Асоцијацијата е BMW X2, можеби VW T-Roc, иако кај Kia веќе со децении нема простор за забелешки од типот на „личи со…“

Како трендовски модел, Kia XCeed ќе добие 1,6-литарски турбо бензинец со 204 КС во врвната изведба, преземен од Ceed GT и Proceed GT. Во меѓувреме се очекува и класичниот кросовер Niro, кој вози класично, како хибрид и со погон на струја, а сцената повторно го поздравува и Soul, кој во Европа ќе се нуди само во електрична изведба. Модели во Kia очигледно не недостигаат. Погонски варијанти исто така.

Kia Stinger е автомобил на годината во Канада

Три модели на Kia со признание за најдобра противвредност во САД

Kia десет години во плус: И повторно рекордна ланска година

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
26 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *