за

XCeed: Секогаш има место за уште еден кросовер од Kia

Kia XCeed
Kia XCeed

Веќе одамна владее впечаток дека светот досега ги има видено сите видови кросовери и СУВ-модели и дека сите класи се пополнети, без да отсуствува ниту една марка, а сега Kia разуверува и бара место за уште еден модел. Но, кој би имал против. XCeed пристига како стилски кросовер во гамата на компактот на Kia.

Уште еден модел пристига во понудата на Kia директно од европската централа на марката во Франкфурт. XCeed е кросовер од најдобриот вид на спој меѓу Ceed и Sportage, со силен нагласок на стилот, во комбинација со елеганција на купе. Toyota C-HR или BMW X2 во изведба на дизајнерските мајстори на Kia.

Kia XCeed е вистинско заокружување на гамата околу Ceed, којашто сега брои четири модели

Како достоен претставник на сортата без која што е незамислив денешниот автомобилски бизнис, Kia XCeed се одликува со широка каросерија, со високо растојание од подлогата и седење на повисоко. Кросоверот пристига како најдобро можно заокружување на квартетот модели во компакт класата – по Ceed, Ceed SportWagon и ProCeed.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најмногу паѓа во очи долгата хауба, којашто уште повеќе ја нагласува елеганцијата на линијата на покривот. Исто како кај Ceed, се стекнува впечаток како целата кабина да е повлечена далеку наназад. Масивниот спојлер назад и доминатниот дифузор со две издувни цевки го претвораат опашот во најубавата страна на Xceed.

Каросеријата е десетина сантиметри подолга од Ceed, но и завршува пет сантиметри повисоко

Меѓуоскиното растојание е исто како кај останатите моделски изведби и изнесува 2,65 метри. Во должина има неколку сантиметри повеќе, за 4,40 метри. Предниот каросериски превис е продолжен за 25, задниот за 60 милиметри. XCeed е повисок 50 милиметри и поширок 26 милиметри од класичната комбилимузина.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Комбинацијата од црни арки во крилата и исто така црна заштита на праговите, со визуелно нагласената заштита на подвозјето напред и назад, дава во исто време спортски и моќен изглед. Бандажите имаат пречник до 18 инчи.

Како и вообичаено, врвот припаѓа на изведбата GT со 204 КС

Моторите се познати. Почеток со 1.0 T-GDi со 120 КС, по него 1,4 T-GDi со 140 КС и, на врвот, GT-изведба со 1,6-литарскиот турбо бензинец со 204 КС. Во комбинација со автоматски менувач, најбрзата изведба спринтува до темпо сто за 7,5 секунди. Дизелот од 1,6 литар ќе биде достапен во изведби со 115 и 136 КС. Освен најслабата изведба, сите останати може да се нарачаат со седумстепен менувач со двојна спојка. Следната година пристигаат плагин-хибридна изведба, како и неколку верзии со благ хибриден погон и 48-волтна мрежа во целата гама на Kia.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста му годи на погледот со меки површини и хромирани детали. Во средината е дисплеј од 10,25 инчи, кој тронува над средишната конзола што е подзавртена кон возачот. Доколку во возилото е вградена навигација, XCeed премиерно го нуди онлајн-сервисот на Kia со име „UVO Connect“. Со него се добиваат сообраќајни информации во реално време, информации за локални знаменитости и за најблиски парклиралишта.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Првпат во Kia се вградуваат и дигитални инструменти. Дисплејот има пречник од 12,3 инчи и прикажува слика во висока резолуција со 1920х720 точки. Моделите со пониско ниво на опрема поседуваат класични инструменти, со дисплеј од 3,5 или 4,2 инчи меѓу нив.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Багажникот нуди простор од 426 литри (+31 литри од Ceеd), кој со соборување на клупата достига 1.378 литри. За ракувањето со задниот капак може да помага електромотор, а дополнително и сензори што го активираат отворањето кога ќе се замавне под задниот браник.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Инженерите на Kia ветуваат многу за подвозјето. За да се постигне најдобар спој меѓу комфорен автомобил за секој ден и кросовер со спортски возни својства, инженерите ги тестирале прототипите ширум Европа, по секаков вид подлога и секакви услови, како за ниту еден друг модел на Kia досега.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Продажбата на главните пазари во Европа стартува во втората половина на септември. За таа пригода посебно се нуди серија под името „Launch Edition“, со препознатливата жолта боја, црни седишта и облоги во вратите со жолти штепови, како и арматурна табла во истата комбинација од сјајни површини во црна боја и жолти детали.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bentley rhys millen pikes peak

Вака изгледа кога Bentley поставува рекорд на Пајкс Пик

toyoya gr supra gt4

Toyota Supra почнува кариера на тркачкиот асфалт