156
20 shares, 156 points

Повеќе од половина од работата е завршена за Киа Моторс Македонија околу пазарното воведување на кросоверот и четврти член во семејството модели од компакт класата на марката. XCeed ѝ се допаѓа на македонската публика, преостанува уште ова стилско парче да се надоврзе на успехот на Sportage.

Едно нешто беше сосем извесно пред премиерата на автомобилот со когошто се заокружува семејството модели од компакт класата на Kia. Кросоверот XCeed досега привлекувал внимание со секое свое појавување. Големо изненадување беше уште самата најава од Kia во почетокот од годинава, дека пристига уште еден член во семејството на Ceed, по што следеше и првата фабричка фотографија, па салонска премиера есеноска во Франкфурт, за сега да почнат и испораките на моделот.

Синоќа во салонот на Киа Моторс Македонија исто како да се случуваше настан од национално значење. Некој ненамерник на проаѓање веројатно ќе помислеше дека игра националната репрезентација. А, се случуваше македонска премиера на XCeed, на четвртата моделска изведба врз база на Ceed, по комбилимузината, комбито Sports Wagon и купе-комбито ProCeed.

New video by Automedia MK / Google Photos

Кросоверот е вистинско освежување во автомобилското секојдневие и за него имаме објавено повеќепати на Automedia.mk. Тоа што остави посебен печат при првото појавување на XCeed пред македонските возачки и возачи, повеќе или помалку релевантни автомобилски критичарки и критичари, личности од јавната сфера, беше искреното покажување интерес за автомобилот.

„Од публиката не видов како изгледа автомобилот“

Читател коментираше за нашата објава на фотографиите од настанот: „Од публиката не видов како изгледа автомобилот.“ Тоа кажува многу. При ретките премиери на нови модели во последниве години, публиката обично покажува интерес кон автомобилот чисто од почит кон домаќинот. Синоќа беше сосем поинаку, буквално како да се чекаше ред да се погледне цел автомобил, во чист кадар, да се седне, да се отвори багажникот и да се каже оцена пред околината.

За тоа да се случи, секако дека пресудно влијае имиџот на самиот увозник во јавноста, но и колава е многу лична. Тоа што го прави XCeed е да ѝ укаже на автомобилската сцена дека постојат и други каросериски концепти, освен СУВ. Во редакцијата на Automedia.mk, по нашата неколкудневна есенска тура низ Македонија со Lexus UX, цениме дека кросоверите претставуваат замена за некогаш популарните купеа во компакт класата. Тоа секако не се однесува на кариосеријата, туку на индивидуалноста, на уживањето да се излезе од униформноста и да се покаже различен, сопствен стил.

New video by Automedia MK / Google Photos

Основната моделска изведба на Kia XCeed вози со 1,0-литарски турбо со 120 КС, кој во нивото Vision чини 18.550 евра. По него следи изведба со 1,4-литарски турбо со 140 КС и цена од 1.400 евра над основниот модел, додека единствен дизел е 1.6 CRDi со 136 КС и цена од 21.950 евра со опрема Vision. Менувач со двојна спојка е достапен со 1,4 T-GDi и со дизелот, по цена од 1.950 евра.

Нивото на стандардна опрема е дополнително збогатено во споредба со Ceed, а има и дополнителна функционалност во самиот концепт на кросовер. Очекуваме моделот наскоро да пристигне на тест.

Зошто Kia прави толку врева околу новиот XCeed?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *