Kia Motors го предаде училиштето во танзанискиот крајбрежен град Багамојо под надлежност на локалната самоуправа. Градот е оддалечен околу 60 километри од Дар ес Салам. Производителот на автомобили го изгради училиштето во 2014 година, како дел од програмата Green Light Project, и ги покриваше трошоците за работа во минатите пет години.
Отсега за работата на училиштето ќе се грижи училишната служба на Багамојо, исто како и за автобускиот превоз на учениците и за финансиското работење на истото.
Kia во рамките на програмата „Green Light“, започната во 2012 година, изгради единаесет училишта и објекти за образовна дејност во осум африкански држави и во Мексико. Освен училишта, се градеа и центри за квалификација, како и амбуланти. Целта на програмата е да им се помогне на општините и да се обезбедат потребните објекти, кои потоа целосно преоѓаат под надлежност на локалните власти.
И тоа е Багамојо · Неколку кадри од инстаграм