за

Kia со најдобри СУВ-модели според „U.S. News“

kia telluride
Kia Telluride

Американскиот магазин со близу 90-годишна традиција редовно ги избира најдобрите автомобилски марки во одделни категории. Годинава, по четиригодишна доминација на Honda, за најдобра марка за СУВ-возила е прогласена Kia.

Американскиот огранок на Kia е почестен со наградата за најдобра марка за СУВ-модели во изборот на редакцијата на U.S. News & World Report за 2020 година. Тоа значи и смена на местата со Honda, којашто беше лидер во оваа категорија од 2016 година наваму. Во изборот учествуваа 35 автомобилски марки, кои се натпреваруваа во категориите за патнички автомобили, СУВ-модели, пикапи и луксузни возила.

Kia во оваа категорија на возила моментно ги нуди Niro со хибриден погон, добро познатиот Sportage, крстосувачот Sorento и СУВ-знаменосецот, луксузниот Telluride. Според главната уредничка на автомобилската рубрика на U.S. News, Џејми Пејџ Дитон, „силните вложувања на Kia во СУВ-моделите вродија со комплетна понуда од модели од врвен ранг. Без разлика на големината на СУВ што се бара, Kia секогаш ја има таа што одговара совршено.“

Во изборот на најдобрите автомобилски марки на U.S. News & World Report решаваат оцените за безбедноста на возилата, податоците за нивната издржливост, како и оцените од автомобилските новинари.

Победници во останатите категории во изборот:

Најдобра автомобилска марка · Mazda

Најдобра марка пикапи · RAM

Најдобра луксузна марка · Porsche

Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW i4 eDrive V

BMW i4: Електричен погон во класата што е темел на марката

mercedes 190 E 1.8 w201

Овие модели на Mercedes стануваат олдтајмери в година