за

Kia Stonic е поубавата половина на Hyundai Kona

Kia Stonic

Кога две марки под ист покрив го прават истото … на едната марка обично ѝ успева подобро. Кај корејскиот двоец, Kia повторно ги привлекува симпатиите со својата верзија на малечкиот кросовер. Битката во сопствените редови меѓу Kia Stonic и Hyundai Kona се чини дека е решена однапред.

Веројатно се бројат денови додека Kia и официјално ги објави првите фотографии од новиот кросовер. Неколку фотографии од Kia Stonic веќе се појавија по поажурните блогови. Но, и тие се доволни за првиот и по правило секогаш најверен впечаток. Kia Stonic дефинитивно го украде шоуто на Hyundai Kona.

Kia Stonic е уште една успешна „вежба“ за дизајнерската ѕвезда Петер Шрејер

Неодамна, матичната марка на групацијата го претстави својот кросовер. Не се ретки оцените дека Kona изгледа предизајнирано, преамбициозно и премногу очигледен во намерата да му парира на Nissan Juke. Покрај тоа, малечкиот кросовер има уште една „фабричка мана“. На португалски јазик, „кона“ е вулгарен израз за женски полов орган.

This is the Kia Stonic! https://www.stonicforums.co.uk

Posted by Kia Stonic on Monday, June 19, 2017

Техниката на Kia Stonic во најголемиот дел потекнува од Rio, што на кросоверот ќе му даде динамика и задоволство во возењето. Од конкурентите, Stonic ги има за соочување Renault Captur и Peugeot 2008. Веројатно и новиот Opel Crossland X, од когошто исто така се очекува да се вмеша меѓу првите места во продажбата во сегментот.

Деталите околу техниката, опремата и стартот на продажбата на малечкиот брат на Kia Sportage ќе бидат познати наскоро.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Element

Ученици во Skoda изработија електрично баги

Abarth 695 Rivale

Riva во вода, Abarth 695 Rivale на асфалт