Kia Stinger победи во категоријата каде што обично се очекува модел од BMW или Jaguar. Британскиот магазин за спортски автомобили го убеди жирито со возните својства. Но, и перформансите на првата Kia со заден погон во Европа не се за потценување
Уште еден триумф на Kia Stinger, првиот модел со заден погон на корејската марка и воедно прв нејзин модел во престижната класа на спортски крстосувачи, во делот од пазарот кого што ентузиајстите го ценат како гран-туризмо класа. Награда пристига од влијателниот британски магазин Evo, кој е специјализиран за спортски автомобили и се обраќа на публика од автомобилски ентузијасти и возачи на такви модели.
Kia Stinger победи во категоријата на спортски лимузини во јубилејната дваесетта година на изборот на магазинот Evo. Шест врвни автомобилски експерти гласаа по еднонеделно споредбено тестирање на сите модели што се пласираа во финалето. Врвната моделска изведба ја носи ознаката GT S и располага со 3,3 литарски V6 со твин-турбо натполнење и моќност од 370 КС. Со осумстепен автоматски менувач, Stinger спринтува до сто за 4,9 секунди, побрзо од кој било друг модел на Kia досега.
Галагер за Kia Stinger: „Повеќе го ангажира и забавува возачот отколку конкуренцијата“
Стјуарт Галагер, уредник на Evo Magazine ја коментираше победата на Stinger: „Таа го ангажира и го забавува возачот повеќе од конкуренцијата и се издвојува со тоа што не е прв избор.“ Галагер очекува дека следниот модел ќе биде уште подобар, имајќи предвид дека „ова е прв обид на Kia да ја разбие формулата за брза лимузина.“
Kia Stinger е во редовна понуда и кај македонскиот увозник, со цена за стартниот модел од 37.990 евра. Спомнатата топ-изведба со 370 КС и врвна опременост чини 59.990 евра.
https://www.facebook.com/kiamotorsuk/videos/2052300531503499/
Kia Stinger: Корејско осило за светската елита
Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD
Kia го лакира Sportage во специјална боја со стаклени честички
Во Словачка започна производството на новиот Kia Pro Ceed