за

Kia Stinger е автомобил на годината во Канада

kia stinger автомобил на годината во Канада

Канаѓаните го отворија салонот на автомобили во Торонто со прогласувањето на Kia Stinger за автомобил на годината. Ова е втора голема титула за Kia Stinger, која претходно победи и во изборот за најдобра лимузина во вишата класа.

Лимузината со гени на спортски крстосувач го освојува ценетиот наслов во 20-та година од пристигањето на Kia на канадскиот автомобилски пазар. Според менаџерите на марката, најновото признание го потврдува големиот напредок на Kia во квалитетот, дизајнот, како и технологата.

Покрај Stinger, награда во овогодишниот избор на најдобрите автомобили доби и Forte, модел во класата на европскиот Ceed

„Освојувањето на ценетата титула на автомобил на годината во Канада е големо достигнување за секој автомобил, но исклучително достигнување е кога истиот производител ќе добие награди за два различни модели во истата година,“ цени Марк Ричардсон, претседател на здружението на автомобилски новинари на Канада.

Сите победници по категории во изборот за канадски автомобил за 2019 година

Автомобил на годината во Канада за 2019 година · KIA STINGER

СУВ на годината  · JAGUAR I-PACE

Компакт класа  · KIA FORTE

Виша класа  · KIA STINGER 

Премиум автомобил од виша класа  · MERCEDES-BENZ E 400

Премиум автомобил од висока класа  ·  VOLVO V90 R-DESIGN

Спортски автомобил  · MAZDA MX-5

Компактен СУВ  · HYUNDAI KONA

Средна класа СУВ  · MAZDA CX-5

Голем СУВ  · MAZDA CX-9

Премиум СУВ од средна класа  · INFINITI QX50

Пикап  · FORD F150 DIESEL

Електричен автомобил  · CHRYSLER PACIFICA HYBRID

Премиум електричен автомобил  · JAGUAR I-PACE

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus ST 2019

Кога Ford Focus добива мотор од Mustang станува Focus ST

volkswagen produktivnost volfsburg

Volkswagen ќе заштеди 186 мил. € до 2020 преку подобрена продуктивност