за

Kia продаде 250.000 возила во октомври, Sportage бестселер

Kia Sportage
Kia Sportage

Kia уште во првиот ден од ноември објави дека во минатиот месец продала 248.752 автомобили на светскиот пазар, што е незначително помалку од истиот месец лани, со 250.680 возила. Најпродаваниот модел најмалку е изненадување. Само од Sportage се продадоа 41.707 примероци во октомври.

На домашниот пазар, Kia испорачала 47.143 возила, односно за 2,3 проценти повеќе од истиот месец лани. Најпродаван модел во Јужна Кореја бил освежениот K7 (Cadenza) со 6.518 примероци, пред СУВ-моделот Seltos со 5.511 приимероци.

За извоз се испорачани 201.609 автомобили и тоа е за 1,5 процент помалку од ланскиот октомври. Најпродаван модел повторно е Sportage со 39.447 примероци, пред компактните лимузини K3 (Forte) и Rio (Pride), кои соодветно постигнале 23.833 и 23.659 продажби.

За следните месеци се очекува голем раст во продажбата, по лансирањето на K5 (Optima) на корејскиот пазар, што треба да се случи во декември. Од почетокот на следната година, оваа моделска серија ќе стартува со испорака и на уште неколку пазари, кадешто постои голем интерес за класични лимузини и комби-модели во средната класа.

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

Kia Sportage 16 GDI Test

https://www.instagram.com/p/B4Tp7I0ByOB/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda суперкомпјутер

Во фабриката на Skoda работи најмоќниот суперкомпјутер во Чешка

volkswagen fabrika emden

Работничкиот совет на Volkswagen реагира за фабриката во Турција