за

Kia го лакира Sportage во специјална боја со стаклени честички

kia sportage gt line portokalova

Kia Sportage GT е првиот модел од компактна класа на големосериски производител, кој е достапен со ефектен лак што содржи стаклени честички. Ситните стаклени плочки што се обложени со метал произведуваат ефект сличен како кристален сјај. Заедно со новата боја во палетата пристига и веста дека изведбата на Kia Sportage со благ хибриден погон отсега е достапна и во комбинација со нивото на опрема Vision.

Најштедливиот модел во гамата на компактниот СУВ користи дволитарски дизел со моќност од 185 КС, во комбинација со стартер-генератор од 12 киловати и 48-волтна батерија. Оваа погонска варијанта, што се воведува во сé помасовен обем во браншата, досега беше достапна само со трите највисоки нивоа на опрема. Според Kia, потрошувачката на гориво се смалува до 10 проценти.

Kia Sportage 16 GDI Test
Тестот на Kia Sportage 1.6 GDi можете да го прочитате на овој линк

Како што наведуваат во соопштението од европското седиште на Kia, хибридната варијанта на Sportage отсега ќе биде достапна и со основното ниво Vision. Моментно ги имаме цените за германскиот пазар. Во изведба со шестстепен мануелен менувач, Sportage 2.0 CRDi Ecodynamics+, како што гласи целосната ознака на моделот, во Германија чини 33.490 евра, додека цената за изведбата со осумстепен автоматик изнесува 35.690 евра.

Новата боја се води како „Orange Fusion Metallic“, достапна е за Sportage во спортското ниво GT-Line, а доплатата за неа чини исто колку за останатите металик лакови. Основата на трислојниот лак е во црвена боја. Како втор слој се нанесува ефектната боја со стаклени плочки, којашто го добива портокаловиот тон преку металик и мика пигментите. Завршниот проѕирен лак ја штити бојата од промени под дејство на сончевото зрачење. Еко-лаковите со разредувачи што се раствораат во вода се нанесуваат од страна на роботи во фабриката на Kia во Словачка.

Во Словачка започна производството на новиот Kia Pro Ceed

Kia со забава за пречек на новиот Ceed

Тест: Kia Sportage 1.6 GDi Vision 2WD

Електричен Kia Niro во продажба во Европа кон крајот на годинава

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren 720S Spider

На McLaren 720S Spider покрив не му е потребен

олдтајмерџиите од стојаково најава индија

Олдтајмерџиите од Стојаково овојпат возат до Индија