за

Kia Sportage изработен специјално за Икс-Мен

Kia повторно „разви“ автомобил во соработка со филмската компанија Twentieth Century Fox. Новиот X-Car на Kia ќе се појавува во рекламни цели за филмот „Икс-Мен: Апокалипса“, чијашто премиера е најавена за мај 2016. Првиот пат Kia користеше специјално дизајнирана изведба на големиот теренец Sorento, додека овојпат се реши како основа за концептниот автомобил да го користи новиот Sportage. Kia X-Car претходно ќе се појави во интернет видеото со амбасадорот на корејската марка Рафаел Надал (https://www.allaboutsportage.com) во јануари, а кон средината на месецот ќе може да се види и на тенискиот турнир Австралија Опен 2016.

kia sportage x-car (1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford ќе ги произведува роботските автомобили на Google

Овој Lexus има „најкул“ бандажи во светот