за

Kia Sportage безгрешна и на супертестот на Auto Bild

Kia Sportage е првиот автомобил што го мина супертестот на 100.000 километри на магазинот Auto, Motor und Sport без ниту еден дефект. Истиот резултат сега го потврдува и Auto Bild.

Ниту еден автомобил не успеа да ги извози стоте илјади километри на супертестот на германскиот Auto, Motor und Sport без ниту еден дефект или забелешка на експертите – до јуни. Тоа за првпат му успеа на компактниот спортски теренец на Kia. Солидноста на Sportage од третата генерација сега се потврди и на супертестот на магазинот Auto Bild, исто така на 100.000 километри. Со тоа, Kia Sportage без проблеми ја освои највисоката оцена и се најде на првото место на ранг листата на 33 модели што досега го минале беспоштедниот супертест. За триумфот да биде уште поубедлив, Sportage имаше најниска стапка на дефекти од сите 68 тестирани модели во студијата што институтот J.D. Power ја спроведе меѓу сопствениците на возила.

https://twitter.com/autobild/status/766193456163147776

Освен за издржливоста, Auto Bild искажува пофалби и за техничката состојба при завршното тестирање и за впечатоците во секојдневната практика. Возилото на тестот беше Kia Sportage од третата генерација, со дволитарски дизел со 184 КС, автоматски менувач и погон на сите тркала. Во меѓувреме на пазарот стартуваше со продажба четвртата генерација на моделот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред 25 години Mercedes E-Class доби кабриолет изведба

Volkswagen Tiguan ги доби моторите од Golf GTI