за

Зошто електричната Kia Soul поседува топлинска пумпа?

Зошто електричната Kia Soul поседува топлинска пумпа
Зошто електричната Kia Soul поседува топлинска пумпа

Kia разви нова генерација на топлинска пумпа, којашто ќе се вградува во понудата од електрични модели на марката. Целта е продолжување на досегот, особено во зимски услови, кога капацитетот на батеријата е смален значително.

Во идните модели на Kia со електричен погон ќе се вградува топлинска пумпа. Целта на вградувањето на овој вид системи, што обично се среќаваат кога станува збор за загревање на објекти, е продолжување на досегот со едно полнење на батеријата. Идејата е вишокот топлина што се произведува од електричниот погон, да се искористи за греење на кабината. Пумпата овозможува пријатна температура во кабината на возилото, без за тоа да се користи енергијата од батеријата и на тој начин да се скусува досегот на возилото.

Kia првпат ја вгради технологијата во кросоверот Soul EV во 2014 година. Системот се состои од компресор, испарувач и кондензатор. Тој ја користи топлината што ја ослободуваат електричните компоненти и истата ја искористува за греење на кабината. Благодарение на техниката, тогашниот Soul EV можеше и во зимски услови да мине до 180 километри со едно полнење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Топлинската пумпа за моделите на Kia во меѓувреме е усовршена и користи топлина од повеќе извори. Тоа воедно значи и дека е намалена потребата да се црпи енергија од батеријата, во случај да е потербно догревање на кабината при студено време. Кај конкурентските модели настапува драстично смалување на досегот, како што температурите се спуштаат и неопходно е да се грее кабината.

Како работи топлинската пумпа во електричните автомобили на Kia

Новата генерација на пумпата користи топлина од повеќе извори, односно не само од трафо-секцијата (погонски електромотор, сопствениот полнач во возилото, инвертерите), туку и од самата батерија. Системот ја користи топлината од овие компоненти за разладното средство да го претвори од течност во гас. Компресорот потоа го компримира овој гас под висок притисок, кој понатаму се спроведува до кондензаторот, каде гасот повторно преоѓа во течност. Овој процес произведува дополнителна топлина, што пумпата ја собира и ја води во кабината.

Kia постојано ја усовршува топлинската пумпа, вклучувајќи тестирања на -35°C на северот на Шведска. Токму на овие тестирања беа стекнати сознанија што водеа до актуелниот стадиум на развој на пумпата.

Топлинската пумпа практично користи мала количина на топлина за истата да ја претвори во поголема количина на топлина
New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште една технологија помага да се продолжи возењето на струја во Kia. Батеријата, на пример, користи водено ладење, место воздушно. На тој начин, каналите за ладење меѓу батериските модули може да бидат мошне тесни, за разлика од воздушното ладење, кадешто се потребни широки канали. Тоа овозможува во возилото да се вгради поголема батерија или да се постигне поголема просторност. Конретно, енергетската густина на батеријата на Kia на овој начин се зголемува за 35 проценти.

Денешните модели на струја на Kia постигнуваат двојно подолг досег, во споредба со претходната генерација. Првиот Soul EV имаше 180 km досег со батерија од 30 kWh. Актуелниот модел има батерија од 64 kWh, којашто зафаќа исто толку простор, но затоа овозможува досег до 386 km.

Шема на дејствување на топлинската пумпа
New photo by Automedia MK / Google Photos

Неодамна се јави и Министерството за животна средина на Кореја, коешто објави резултати дека Kia Niro EV при возење на температура од -7°C со пуштено греење задржува 90% од досегот при возење на 26°C – тоа е голема предност во споредба со останатите електромобили во сегментот. Кај нив, досегот се смалил меѓу 18 и 43 проценти.

Планот S“ предвидува марката да има вкупно 11 електрични модели во својата понуда во 2025 година.

>>> Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје

Mercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen