за

Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Kia Sorento стартува со производство во Кореја
Kia Sorento стартува со производство во Кореја

Kia го започна производството на новата генерација на Sorento. Од фабриката во Хвасунг прва излезе изведбата со хибриден погон, што првпат се нуди во најпретставителниот СУВ-модел на Kia на светскиот пазар.

Четвртата генерација на Kia Sorento почна да се произведува во фабриката во Хвасунг, Кореја, во хибридна, бензинска и дизел изведба, кои се изработуваат на иста производствена лента. Првите примероци од Sorento со хибриден погон ќе бидат испорачани на европскиот пазар. Набрзо ќе стартува и производството на СУВ-моделот во фабриката на Kia во Вест Поинт, во сојузната американска држава Џорџија.

Новиот Sorento се произведува на истата производствена лента од претходната генерација на моделот, кој освои бројни признанија во својот моделски век поради високиот квалитет на изработка.

Sorento го застапува врвот на понудата на Kia во минатите близу две децении. Од лансирањето во 2002 година, досега се продадоа над три милиони примероци во светски рамки. Европскиот пазар ќе ги добие првите испораки од Sorento во третиот квартал. До крајот на годината, моделот ќе биде достапен и на останатите пазари на Kia ширум светот.

Кон крајот на 2020, новиот Sorento на одредени пазари првпат ќе биде достапен во изведба со плагин-хибриден погон. Оваа моделска изведба исто така ќе се произведува во фабриката во Хвасунг.

Sorento со хибриден погон со 230 КС

Sorento е прв модел на Kia што ја користи новата платформа за СУВ-модели од средната класа. Платформата придонесува и за просторноста и приспособливоста на кабината со место за седум патници. Корејците ветуваат дека новиот модел е меѓу најдоибрите во тој поглед. Главната улога во новата платформа сепак им припаѓа на новите мотори од генерацијата Smartstream, кои работат заедно со електромотор. Според Kia, новиот Sorento ќе биде поштедлив, почист и во исто време побрз од било кога досега.

Моторот во хибридната верзија на Sorento е 1,6-литарски T-GDi (турбо и директно впрскување под висок притисок), во комбинација со литиум-јон полимер батерија од 1,49 kWh и електромотор со 44,2 kWh. Батеријата е ниско во подот и не одзема простор во кабината. Системската моќност изнесува 230 КС, вртежниот момент достигнува 350 њутнметри. Погонската спрега ја дополнува 6-степен автоматик.

Kia Sorento стартува со производство

Нека е со среќа новиот модел. Kia Sorento од денес во редовно производство. Слични на овие се и сцените во фабриката во словачката Жилина. Климатизирано, чисто, тивко, со точна топлина на светлината, одушевувачки.

Posted by Automedia.mk on Thursday, July 9, 2020

Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

Kia Sorento 2020

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Volkswagen донира милион долари во пошумувањето на Австралија

Volkswagen донира милион долари во пошумувањето на Австралија

Смена на врвот на Skoda