126
17 shares, 126 points

Квартетот Ceed привремено одмора од улогата на ѕвезда во гамата на Kia, неа сега ја презема Sorento. Пред премиерата во Женева, следат неколку нови технички детали, меѓу другото и околу моторите во големиот СУВ.

По објавувањето на првите фотографии од новата генерација на Sorento, Kia го објавува и следното што најмногу ја засега сцената, а тоа е техниката на знаменосецот во понудата на СУВ-модели. Развојот на техниката се раководел околу целта да се постигне повеќе простор и комфор, заедно со динамични возни својства.

Главен новитет се турбо-моторите со поддршка од електромотор, како дел од генерацијата Smartstream. Понудата од мотори во почетокот ќе се состои од нов 1,6-литарски турбо-бензинец со директно впрскување, кој ќе работи заедно со електромотор, потоа од 2,5-литарски T-GDi и од 2,2-литарски дизел.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Kia Sorento е прв модел што ја користи новата платформа. Нејзини „физички“ обележја се компактен кош за мотор, заедно со покуси каросериски превиси и подолго меѓуоскино растојание во споредба со постоечкиот модел. Новиот СУВ е подолг за еден сантиметар, но меѓуоскиното растојание порасна за 35 милиметри (2.815 mm). Според Kia, кабината е попросторна од повеќето модели во средната класа, вклучувајќи и голем багажник.

При развојот на новите генерации модели се земаат предвид и повеќе степени на електрификација, Kia Sorento наскоро ќе добие и верзија на приклучен хибриден погон

Погонската спрега во хибридната варијанта ја сочинуваат 1,6-литарски T-GDi, електромотор со 44,2 kW (60 КС) и батерија од 1,49 киловатчас. Системската моќност изнесува 230 КС, додека вртежниот момент достигнува 350 њунтметри. Батеријата е вградена во подот, без да одзема простор од кабината. Во иднина на истото место ќе се вгради и поголема батерија, за изведбата со приклучен хибрид.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Понудата од мотори ја заокружува нов 2,2-литарски дизел, кој исто така е дел од семејството Smartstream, со моќност од 202 КС и вртежен момент од 440 њутнметри. Моторот работи во комбинација со новиот 8-степен менувач со двојна спојка 8DCT. Станува збор за таканаречена „влажна“ спојка со две ламели, за којашто Kia ветува подобра ефикасност во споредба со класичниот DCT со една спојка.

Во Кореја и во Северна Америка ќе биде достапен и 2,5-литарски T-GDi со 281 КС и 421 њутнметри. Овој мотор исто така е комбиниран со осумстепениот DCT. Одлика на моторот е што комбинира директно впрскување на горивото и впрскување во вшмукувачката гранка, зависно од оптоварувањето, со цел да се искористат предностите на двата различни начини на впрскување.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Само како најава за тоа што може да се очекува во големиот СУВ, Kia го наведува таканаречениот Surround View Monitor, со кого се ракува преку паметен телефон. Слично на Sentry Mode кај Tesla, корисникот може преку камерите во возилото да надгледува што се случува околу истото, заради дополнителна сигурност од кражба или оштетување.

Премиерата на Kia Sorento ќе се одржи на 3-ти март на салонот во Женева.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
17 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *