141
19 shares, 141 points

Kia во мај испорача 160.913 возила на светскиот пазар, за третина помалку од истиот месец лани. Растот во продажбата на домашниот пазар придонесе Kia да забележи помал пад во споредба со останатите производители.

Корпорацијата Kia во мај продаде вкупно 160.913 автомобили или за 32,7 проценти помалку од истиот месец лани. Корона-кризата не го симна Sportage од местото на најпродаван модел на Kia во светски рамки. Со 25.738 примероци, компактниот СУВ е пред Seltos (19.278 примероци) и неодамна стартуваната генерација на Sorento (16.550 примероци), како врв во СУВ-гамата на марката. Трите најпродавани модели на Kia се СУВ.

Додека големите автомобилиски пазари бележеа голем пад поради корона-кризата, домашниот пазар за Kia се покажа во одлична форма и на корејската марка ѝ донесе 19% раст. Вкупно во мај се продале 51.181 автомобили во земјата. За овој исклучително позитивен резултат во услови кога и задржување на продажбата на исто ниво е успех, најмногу се заслужни новите генеrации на СУВ-знаменосецот Sorento (стартуваше во март) и на лимузината K5 (во продажба од декември лани), кај нас позната во претходната генерација како Optima.

Сликата е различна на извозните пазари. Kia испорачала 109.732 возила или за 44% помалку од истиот месец лани. Тоа е двојно помал пад во споредба со некои европски марки, особено Peugeot, како последица од пандемијата. Корејската марка во извесен период го намали или дури и целосно го запре производството во неколку фабрики во странство во периодот на кризата.

Менаџментот на Kia Motors очекува позитивни резултати во понатамошниот тек од годината, од продажбата на новите генерации на моделите Sorento и K5.

Продажба на Kia Motors во светски рамки во мај 2020

Мај20

Тренд%

2020

Тренд%

Кореја

51,181

19.0%

218,281

8.9%

Извоз

109,732

-44.0%

731,579

-20.2%

Вкупно

160,913

-32.7%

949,860

-14.9%

Kia Sorento, четврта генерација

Kia Sorento
Kia Sorento

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *