145
19 shares, 145 points

Шпанската тениска суперѕвезда стана амбасадор на Kia во Шпанија во 2004 година, кога имаше само 17 години. Две години подоцна, Рафаел Надал стана глобален амбасадор на Kia.

Kia одбележува 15 години соработка со Рафаел Надал. Тениската суперѕвезда стана амбасадор на Kia за шпанскиот пазар во 2004 година, на возраст од 17 години, во самиот почеток на тоа што за кусо време прерасна во една од највпечатливите кариери во историјата на тенисот. Соработката го достигна следното ниво во 2006 година, кога Kia го посочи Рафаел Надал како свој амбасадор во светски рамки.

Како што напредуваше кариерата на Надал, така и Kia се развиваше во главен играч во автомобилскиот сектор

Емилио Херера, извршен директор на Kia за Европа

Емилио Херера, извршниот директор на Kia за Европа, говори за соработката: „Рафа одигра важна улога во подигнувањето на свеста за марката Kia, не само во Европа, туку и на повеќе пазари ширум светот. Како што напредуваше неговата кариера, така и Kia се развиваше во главен играч во автомобилскиот сектор.“

Надал се појави во бројни реклами кампањи за Kia во минативе години. Годинава, Надал ја одбележа 12-та победа на French Open и својот 18-ти грен-слем трофеј. Kia го спонзорира и Australian Open, а секако дека марката е неизоставен дел и од европската лига на УЕФА.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *