172
41 shares, 172 points

Во овој избор решаваат фактите, место личните убедувања. Врз основа на трошоците за одржување во петгодишен период и цената на возилото, медиумска куќа во САД избира модели со најдобра протввредност во 14 категории. Kia победи во три.

Трета година по ред, Kia Soul и Sorento победуваат во изборот на американската медиумска куќа „U.S. News & World Report“, како модели што нудат најдобра противвредност во своите класи. Со квалитетот што го нуди за парите, првпат се докажува и спортската лимузина од вишата класа, Kia Stinger. Во трката за најдобра противвредност учествуваат возила од 14 категории. Soul победи меѓу компактните автомобили, Sorento меѓу СУВ-моделите со три реда седишта, додека Stinger беше најдобар во класата на луксузните автомобили – поточно, според американските стандарди, Stinger победи меѓу „малечките“ луксузни автомобили.

Кандидатите се оценуваат врз основа на безбедноста, издржливоста и оцените на експертите, секогаш гледано под призмата на противвредноста што ја нуди одреден модел. Да нема сомнежи околу веродостојноста на изборот, при оценувањето на противвредноста се земаат предвид трошоците што сопствениците треба да ги платат за својот автомобил во период од пет години.

„Kia Stinger не само што остави белег на пазарот, туку и ја раздвиже целата класа“

Квалитетна забелешка од извршната уредничка Џејми Пејџ Дитон: „Точно е дека Stinger не потекнува од марка-династија за луксузни автомобили, но за овој кус временски период, не само што остави белег на пазарот, туку ја раздвиже и целата класа.“

Купувачите во САД обично им веруваат повеќе на „новите имиња“ во пазарната понуда, како што е Stinger, кој им парира на E-Class или Audi A6, додека во Европа е потребно да мине подолго време, за името да добие на тежина. Kia Stinger во македонскиот ценовник стартува од 37.990 евра, во изведба со турбо-дволитарец со 255 КС. Врвот му припаѓа на 3.3 TGDi со 370 КС, ниво на опрема GT и погон на сите тркала, за 59.990 евра.

Kia e-Niro е автомобил на годината според британскиот What Car

Kia десет години во плус: И повторно рекордна ланска година

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance

Kia со забава за пречек на новиот Ceed


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
41 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format