162
21 shares, 162 points

Корпорацијата Kia Motors објави дека во првиот месец од 2020 година продала 215.112 патнички автомобили и лесни доставни возила на светскиот пазар, што е за 2,5 проценти повеќе од ланскиот јануари.

Продажбата на Kia на домашниот пазар во Кореја се смалила незначително, од 38.010 возила лани, на 37.050 возила во јануари годинава. Тоа се должи на помалиот број работни делови во земјата, како резултат од долгото празнување на лунарната Нова Година. Продажбата во земјата ја предводеше спортската лимузина K5, којашто неодамна стартуваше во сосем нова генерација. Висока популарност ужива и компактниот СУВ-модел Seltos. Неговиот сегмент на европскиот пазар ѝ припаѓа на Kia Stonic.

Продажбата на извозните пазари забележала пораст од 3,6 проценти, на 178.062 возила. Голем поттик за продажбата пристигна од кросоверот Niro, кој вклучувајќи ги неговата хибридна и плагин-хибридна варијанта постигна 9.587 продажби.

Sportage останува најпродаван модел на Kia во светски рамки, со 29.996 примероци, пред Seltos со 25.499 примероци и Rio со 18.980 примероци.

Според производителот, неодамна лансираните модели K5, K7, Seltos и СУВ-моделот Mohave, наидуваат на растечки интерес на пазарот, поради впечатлвииот дизајн, перформансите и технологијата, во комбинација со конкурентна цена.

Kia Rio или најпродаваниот автомобил во Русија, што не е Lada


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *