176
22 shares, 176 points

Kia лани првпат надмина продажба од половина милион автомобили на европскиот пазар. Официјалната бројка е 502.845 продадени возила во ЕУ и ЕФТА (Швајцарија, Норвешка и др.), што е за 1,7% повеќе од преклани. Марката расте веќе 11 години во низа. Лани беше постигнат и рекорден удел на европскиот пазар, со 3,2 проценти.

Според соопштението од производителот, тоа се должи на зголемената побарувачка за хибриди, плагин-хибриди и електрични возила, како и и одличната продажба на новите и освежени модели, првенствено Ceed и Stonic.

За 2020 година, шефот на европскиот огранок на Kia, Емилио Херера, очекува да се надмине тесното грло во производството на чисто електричните возила. Нивната продажба лани била двојно зголемена во споредба со 2018 година.

Хибридите, плагин-хибридите и електричните возила на Kia лани постигнале зголемување на продажбата од 58.029 примероци во 2018 година на 66.386 примероци (+14,4%) лани. Најпродаван модел во овој сегмент е Niro со вкупно 57.519 примероци (+27,1%).

Niro е најпродаваниот „електричар“ на Kia:
  • Niro Hybrid: 37,475 примероци (+8,2%)
  • Niro Plug-in Hybrid (10.144 примероци, +1.9%)
  • e-Niro (9.900 примероци, нов модел).

Вклучувајќи го Soul, кој во новата генерација се продава само во електрична изведба, продажбата на возила „на батерија“ се удвоила од 7.064 примероци во 2018 година на 13.132 примероци во 2019 (+85,9%). Пораснала и продажбата на Optima Plug-in Hybrid, на 5.635 примероци лани (+23,2%).

Kia има нов бестселер: Ceed со неговото моделско семејство

Kia Ceed на пазарите во ЕУ и ЕФТА постигнал вкупно 110.201 продажби лани – тоа е раст од 46,0 проценти! Претходниот бестселер, Sportage, заостанува незначително, со 109.838 примероци.

На класичната изведба на Ceed со пет врати и на комбито Ceed Sportswagon отпаѓаат 45.917 (+12,7%), односно 34.041 примероци (+22,0%). Од спортското комби со премиум нота ProCeed се продале 19.644 возила, што е 11-кратен напредок во споредба со претходникот pro_cee’d. Од стартот во последиот квартал, кросоверот XCeed постигнал 10.599 продажби меѓу октомври и декември.

Малечкиот Picanto е вистинска големина во продажбата и се наоѓа на третото место, со 75.187 примероци (преклани 75.315 возила). Добар раст има кај Stonic, со 66.749 продадени примероци (+19,8 проценти).

Центарот во Франкфурт од неодамна е надлежен и за македонскиот пазар

Регионалниот центар со седиште во Франкфурт, Германија, неодамна ја презеде надлежноста над повеќе нови пазари, надвор од ЕУ и ЕФТА. Бројот на пазари што се „под“ Франкфурт, сега изнесува 39, а меѓу нив се нови: Турција, Украина, Азербејџан, Србија, Босна, Црна Гора, Грузија, Македонија, Молдавија и Албанија. Продажбата на сите 39 пазари, лани пораснала за 1,8 проценти, на 519.789 возила.

Зошто Kia прави толку врева околу новиот XCeed?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

176
22 shares, 176 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *