Нови моделиСалони

Kia Optima Sportswagon со премиера на салонот во Женева

Лимузинската Optima е сосема добар модел, комбито Sportswagen ќе биде уште подобар. Европските купувачи преферираат комби пред лимузина и Kia конечно им го послужува тоа што се бара.

Kia ќе има двојна премиера на моделот од средната класа на салонот во Женева во март. Заедно со новата генерација на лимузината Optima пристига и комбито Sportswagon, како што впрочем беше и најавено со претставувањето на студијата Sportspace, лани на истиот салон. Дизајнот на обете каросериски изведби од новата генерација на Optima го следи спортско елегантниот пример од претходникот, кого што многумина го препознаваа како „корејскиот Quattroporte“.

kia optima sportswagon 012Предностите на комбито Sportswagon секако се во практичноста и приспособливоста, тоа што и се цени кај европските купувачи кои во повеќето земји го преферираат комбито, а особено на германскиот пазар. Дури две третини од продажбата во овој сегмент во Европа отпаѓа токму на комби моделите. Три мотори ќе стојат на располагање, вклучувајќи и спортска изведба GT. Продажбата на Sportswagon во Европа ќе стартува во последниот квартал од годинава, а производството ќе се одбива во корејскиот Хуасунг. Исто како за сите модели на Kia за европскиот пазар, за комбито ќе важи седумгодишната гаранција на марката.

Со должината од 4,86 метри и ширината од 1,86 метар, комбито има идентични димензии со лимузинската Optima, единствено има разлика во петте милиметри плус во висина (1,47 метар). Дизајнот излегува од унифицираната форма на комби моделите во сегментот, со спортската нота во задниот дел со закосен покрив. Впечатливи детали во опашот се големите светла со диодна техника, овалната издувна цевка и дифузорот интегриран во задниот браник.

kia optima sportswagon 002Изборот на материјалите и дизајнот во кокпитот оддаваат впечаток на модел од премиум сегментот, со хоризонтална ориентација на линиите. За ентериерот можат да се изберат две комбинации од бои, едната црна, втората темносива и светлосива. Пристојно изгледа и средишната конзола лакирана во сјаен црн лак, со хромирани детали.

Како еден од првите модели на марката, за Optima Sportswagon стојат на располагање системите за комуникација Android Auto и Apple CarPlay, за поврзување на паметен телефон со системите во возилото. Обата система подржуваат говорни команди и функции како Google Maps, читање текстуални и говорни пораки и музички стриминг преку Google Play Music, односно во случај на Apple CarPlay, говорно препознавање Siri, навигација и Apple Maps, диктирање, како и најразличнио аудио апликации. Корисна функција е полнењето мобилен телефон преку индуктивна плоча, со моќност на полнење од максимално 5 вати, при што наполнетоста се прикажува во инструментите на возилото.

Од системите на асистенција стојат на располагање приказ на возилото од птичја перспектива при паркирање, со помош на четири камери, самостојно паралелно и попречно паркирање, како и светла што го следат свијокот. На тоа се надоврзува уште цел арсенал: Радарски темпомат, самостојно запирање при опасност од судир, систем за следење лента со корекција во управувањето, автоматика за долго светло, читање сообраќајни знаци, надгледување на мртвите агли на каросеријата и предупредување за наидување возило при излегување од паркинг наназад.

kia optima sportswagon 007Багажникот со 553 литри нуди за 43 литри повеќе простор отколку во лимузината и нуди неколку иновативни системи, како самостојно отворање на задниот капак кога клучот ќе се лоцира директно зад возилото. Останатите квалитети се речиси стандард кај водечките комби модели: Низок товарен раб, држачи што се движат по шини заради поделба на багажниот простор и прицврстување на најразличен товар или триделна задна клупа во сооднос 40:20:40.

Безбедноста на каросериската структура веќе ја докажа лимузинската изведба, со освоените пет ѕвезди на Euro NCAP, додека од активните системи, како стандард следува контрола на стабилност со корегирачки зафат во управувањето при губење на стабилноста.

kia optima sportswagon 013Верзијата со дизел мотор и моделот GT со дволитарски турбобензинец со директно впрскување стандардно доаѓаат со сервоуправување R-MDPS, коешто се разликува по тоа што електромоторот е поставен директно на запчестата летва место на управувачкиот столб и на тој начин ја подобрува повратната информација од управувањето и реагира подиректно. На тој начин се нагласува спортското чувство во возењето што инженерите настојуваа да го постигнат во третата генерација на Optima.

Со доплата кај дизелот следува и приспособлива амортизација, со можност за избор на спортска или комфорна програма. Овој систем е стандард кај GT. Основата на понудата од мотори ја сочинуваат 1,7-литарски дизел со 141 КС и 340 Nm и дволитарски бензинец со 163 КС. За дизелот постои опција за седумстепен менувач со двојна спојка, додека бензинецот може да се добие со класичен шестстепен автоматик.

Врвот е резервиран за Sportwagon GT со дволитарски T-GDI со 245 КС и 353 њутнметри, кој ја пренесува силата преку шестстепен автоматски менувач.

Заедно со лимузината и комбито од третата генерација на Optima, како и хибридната верзија на моделот, на салонот во Женева ќе дебитира и хибридниот кросовер Niro. Цените и подеталните технички податоци за моделите ќе бидат познати непосредно по премиерата на салонот.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами