за

Kia Optima порачува: Одиме уште еден круг, сé од ново

Kia K5, Optima 2020
Kia K5, Optima 2020

Податокот дека Kia K5 е најпродаваната лимузина на корејската марка во светски рамки тука не ни значи многу, но е поинаку кога се знае дека тоа е моделот што на европскиот пазар до неодамна беше достапен под моделското име Optima. Овој модел сега е нов, комплетно. А, тоа значи нова дизајнерска шема за целата марка, нови форми и во кабината, мотори до 290 КС, погон на сите тркала и осумстепен менувач со двојна спојка, каков што вградува Porsche.

Пред една деценија, кога Kia го претстави тогашниот K5, тој воведе нов дизајнерски правец за марката. По две генерации, K5 односно Optima, повторно ја има таа мисија. Каросеријата сега е комбилимузинска, значи со петта задна врата, место класична лимузина. Томас Шемера, шеф за развој на модели, цени дека тоа е еден од најспортските модели на Kia досега, при што секако дека не мисли само на изгледот.

Навјпечатливиот дел од новиот дизајн е преработениот „тигарски нос“, со маска што се провлекува под предните светла, но и со оригинално развлечени дневни светла, кои се водат како „срцево биење“ и личат како ЕКГ. Идејата е на тој начин да се укаже дека автомобилов поттикнува емоции.

New item by Automedia MK / Google Photos

Отстрана се забележува дека каросеријата е вовлечена во средината, пак по пример на Stinger и на шише кока-кола. Во споредба со претходничката, висината е смалена за 20 mm (на 1.455 mm), должината порасна за 50 mm (4.905 mm), ширината за 25 mm (1.860 mm), додека во меѓуоскиното растојание има плус 45 mm (2.850 mm).

Посебен впечаток остава хромираната лента што се провлекува по горниот раб на прозорците и прави круг околу задното стакло

Диодните дневни светла назад се изведени како лента по целата ширина на опашот. „Срцебиењето“ се повторува и назад, во краевите на светлата. Уште една дизајнерска мајсторија е таканаречениот паткин опаш, односно конкавниот профил на горната половина под светлата. Веќе традиционалната изведба GT за Kia ќе има подраматичен изглед, „реално“ двојна издувна цевка и единствен дизајн на бандажите од 19 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста главно се одликува со минималистички пристап и изведен е првенствено со идеја да понуди пријатна средина за престој. Арматурната табла е ориентирана хоризонтално, со изглед и форма на команди што во иднина ќе се користат во целата гама. Опционалниот средишен дисплеј од 10,25 инчи е самостоечки, додека инструментите се дигитални и со пречник од 12,3 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моторите се од таканаречената генерација „Smartstream“, а за првпат во гамата на моделот ќе биде достапен и погон на сите тркала. Во Северна Америка и во Северна Кореја ќе се нуди новиот 1.6 T-GDI Smartstream, со променливо времетраење на отворањето на вентилите (CVVD, слично на BMW Valvetronic). На тој начин се постигнува поголема моќност при ниски и средни вртежи, заедно со подобрена ефикасност. Моќноста е 180 КС при 5.500 вртежи, додека максималниот вртежен момент изнесува 265 Nm меѓу 1.500 и 4.500/min. На останатите големи пазари на Kia ќе се нуди 2.0 MPI со 192 КС, дволитарец со променлив од на вентилите (CVVL) со 160 КС и 196 Nm, како и 2.5 GDi со 194 КС и 246 Nm.

New item by Automedia MK / Google Photos

Врвот во гамата на моделот ќе му припаѓа на K5 GT, за пазарот во Северна Америка, со 2,5-литарски T-GDi, со 290 КС и 422 њутнметри. K5, односно Optima, со овој мотор спринтува до темпо сто за 6,6 секунди. Моторот користи два вида впрскување, односно индиректно впрскување во вшмукувачката гранка при ниски вртежи и директно впрскување при високи вртежи, заедно со комбинирана работа на двата системи, со цел да се постигне баланс меѓу потрошувачката и перформансите.

New item by Automedia MK / Google Photos
Kia засега само поврдува дека ќе се нудат и хибридни изведби, слично како кај претходникот. Менувачите во гамата се шест- или осумстепени автомати, со посебност кај 2.5 T-GDi кој е достапен со 8-степен менувач со двојна спојка 8DCT

На возачот му стои избор од пет програми за работата на моторот, управувањето и менувачот: Smart, Comfort, Eco, Sport и Custom. Преку гласовни команди може да се управува со климата, прозорците, греењето на воланот, на седиштата и на задното стакло, како и со аудио системот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во лимузината се вградуваат сите системи за асистенција што моментно се достапни во концернот, заедно со полуавтоматско возење од второ ниво, коешто овозможува возилото само да ја следи лентата, вклучувајќи и свијоци на автопат. K5 е прв модел на Kia што ќе биде достапен со клуч преку којшто оддалеку ќе се управува со возилото при паркирање.

Првите испораки за Северна Америка и за домашниот пазар ќе стартуваат на крајот на следната пролет. Засега нема информации дали моделот ќе се нуди во Европа, вклучувајќи го и нашиот пазар, кадешто претходната генерација на Optima беше достапна долги години, со мошне конкурентна цена.

New item by Automedia MK / Google Photos

https://www.instagram.com/p/B6VNcs2iWHR/

Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Corsa MK-premiera

Новата Opel Corsa ја продолжува обновата во градската класа

Toyota Yaris

Нема повеќе виц во овој Toyota Yaris