168
23 shares, 168 points

Изведбата со електричен погон на Kia Niro од почетокот на неделава е во продажба на јужнокорејскиот пазар. Европската публика ќе има можност премиерно да го види кросоверот со погон на струја во октомври, на салонот во Париз. Продажбата ќе стартува кон крајот на годината.

Kia Niro EV ужива привилегирана улога на пазарот, како еден од ретките кросовери со погон на струја. Од верзиите со хибриден и плагин-хибриден погон се продадоа над 200.000 примероци откако моделот стартуваше во 2016 година. Само во Европа има продадено над 65.000 примероци од Niro и Niro PHEV. Колкав ќе биде интересот за електричната изведба, навестува податокот дека корејскиот производител доби над 5.000 нарачки за Niro EV на домашниот пазар, по премиерата во почетокот на годинава.

Kia Niro EV ќе биде достапен во две варијанти со различна големина на батеријата, а соодветно на тоа и со различна цена. Едната варијанта користи литиум-полимер батерија од 64 kWh, со досег до 450 километри според старата норма NEDC. При приклучување на супербрз полнач со 100 kW, батеријата се полни до 80% за помалку од еден час. Втората и поевтина варијанта поседува батерија од 39,2 kWh, што исто така дозволува сосем пристоен досег од 300 километри.

Kia Niro EV е вториот глобален модел со погон на струја на корејската марка, по Soul EV

Електромоторот со 204 КС ги испорачува своите 395 Nm до предните тркала и на кросоверот му обезбедува солиден спринт од само 7,8 секунди до темпо сто. Батеријата е вградена ниско под подот на багажникот и придонесува тежиштето на возилото да биде уште пониско, што резултира со динамични возни својства.

Kia Niro EV се разликува и однадвор од хибридната и плагин-хибридната верзија. Прво се забележува приклучокот за полнење во специфичната маска, но и диодните дневни светла во форма на стрела, заедно со неколку детали во сина боја, во „бојата на струјата“. Задниот браник исто така има различен дизајн од хибридните верзии, заедно со диодните задни светла и сините детали.

Во внатрешноста продолжува нагласокот на електричниот погон преку сината боја, но најголемата разлика е во средишната конзола, кадешто се наоѓа бирачот за возните програми, прв од таков вид во модел на Kia. Може да се избира меѓу шест различни бои на осветлувањето на средишната конзола и на бирачот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

168
23 shares, 168 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743