за

Како „размислува“ паметниот мануелен менувач на Kia

Како „размислува“ паметниот мануелен менувач на Kia
Како „размислува“ паметниот мануелен менувач на Kia

Kia објави нови детали за интелигентниот мануелен менувач iMT, кој е развиен за цела низа идни модели со благ хибриден погон на марката. Системот „clutch-by-wire“ има за цел да ги смали потрошувачката и емисијата на СО2, без тоа да повлече промени во начинот на ракување со менувачот.

Место преку механичка врска, спојката на iMT дејствува електронски и интегрирана е во погонската спрега на 48-волтниот благ хибриден погон. Принципот се сведува на тоа што менувачот го гасне моторот пред тоа да успее да го постигне системот старт-стоп, откако возилото ќе се пушти да „лизга“ до запирање на семафор. Тоа заштедува гориво и ја смалува СО2-емисијата за 3% во реални услови на возење.

Вклучениот степен на пренос се задржува додека моторот е изгаснат. Моторот стартува повторно во истиот степен, откако возачот ќе притисне врз сопирачката или гасот. Притоа, моторот се задвижува со помош на стартер-генераторот кој е срце на благиот хибрид – тивко, брзо и неосетно. Моторот стартува и кога возачот ќе притисне врз спојката за да смени степен или кога брзината е пребавна за моментно вклучениот степен.

Како дејствува iMT на Kia?

  • Возачот го отпушта гасот и возилото почнува да забавува (на пр. пред свијок, крстосница или возило напред)
  • iMT испраќа електронски сигнал до менувачот и благиот хибрид неосетно го гасне моторот и ја отвора спојката
  • Додека моторот е изгаснат, возилото продолжува да „ползи“, при што отворената спојка спречува возилото да забави и дозволува да се искористи залетот на возилото
  • Кога возачот ќе притисне врз гасот за да забрза или врз спојката за да смени степен, благиот хибрид го стартува моторот во моментниот степен на пренос или во празен од
  • Електричната сила од благиот хибрид и од 48-волтната батерија овозможува моторот да повлече брзо
  • Доколку брзината е прениска, моторот стартува со помош на благиот хибрид, а спојката затвора, за да го спречи несаканото потскокнување на возилото во избраниот степен.

Системот iMT е развиен во европскиот центарот за техника на групацијата во Офенбах, Германија, од страна на др. Михаел Винклер, шеф за погонска спрега.

Постојано бараме нови начини да ги подобриме ефикасноста и перформансите на погонската спрега, а iMT е таква иновација. Автоматски менувач или менувач со двојна спојка им одговара на повеќето возачи, но посебно европските возачи уште сакаат сами да ги менуваат степените. Додека расте побарувачката за модели со електрифициран погон, iMT е резултат од нашиот труд да го електрифицираме класичниот мануелен менувач.

Др. Михаел Винклер, шеф за погонска спрега на Kia

Kia во следните неколку месеци ќе воведе повеќе модели со благ хибриден погон на европскиот пазар, од кои дел ќе го поседуваат новиот „интелигентен мануелен менувач“. При ракувањето со рачката на менувачот и со спојката нема никакви промени, возачот нема да забележи дека место механичка врска, наредбите од педалата на спојката се пренесуваат преку кабел до самиот електромеханички склоп на спојката.

Ceed е прв модел што го доби новиот менувач iMT, заедно со благ хибриден погон во комбинација со новите мотори Smartstream. Оваа техника ќе работи во моделските изведби EcoDynamics+“, со 1.6-литарски CRDi и благ хибриден погон. Истиот ќе биде достапен и во освеженото моделско годиште на Kia Rio, кој ќе стартува во третиот квартал, со нов 1,0-литарски T-GDi мотор. Поотоа следат уште неколку модели што ќе бидат претставени уште годинава.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Фабриката nа Volkswagen Passat влегува во ерата на електромобилноста

Фабриката на Volkswagen Passat влегува во ерата на електромобилноста

Новиот Volkswagen Tiguan во Германија стартува од 28.000 евра

Новиот Volkswagen Tiguan во Германија стартува од 28.000 евра