Првата рекламна кампања на Kia во Индија постигна спектакуларни бројки. Базирана врз дизајнот на моделите на корејската марка, кампањата има 250 милиони прегледи на сите дигитални платформи во земјата, за помалку од 40 денови од нејзиното стартување.
Видеото под наслов „Волшебни инспирации, одушевувачки дизајни“ предизвика голема раздвиженост на дитигалните платформи, достигнувајќи 168 милиони единствени посетители или една третина од индиската популација што има пристап на интернет. Резултатот се шест милиони посети на веб-страниците на Kia во Индија.
Кампањата досега има постигнато преку 250 милиони прегледи на видео содржината на социјалните мрежи, вклучувајќи 200 милиони посети само на Јутјуб. Музиката од рекламата исто така е голем хит, со повеќе од 300.000 преземања.
Ова е прва реклама на Kia во Индија. Директорот на маркетинг во Kia Motors India, Манохар Бат, коментира за резултатите: „Особено се интересни позитивните коментари и љубовта што ја видовме кај нашите гледачи, кои ги обожуваат музиката и симболиката во кампањата.“