за

Новата фабрика на Kia во Индија ќе произведува 300.000 возила годишно

Новата фабрика на Kia во Индија ќе произведува 300.000 возила годишно
Новата фабрика на Kia во Индија ќе произведува 300.000 возила годишно

Корпорацијата Kia Motors официјално ја отвори новата фабрика во индискиот Анантапур, во сојузната држава Андра Прадеш. Во фабриката се вложени 1,1 милијарда американски долари, а нејзината изградба траеше само две години. Таму ќе се произведува првиот „индиски автомобил“, компактниот СУВ-модел Seltos, по когошто ќе следат и други модели. Новиот модел ќе се извезува и на најголемите пазари ширум светот. KMI ќе прерасне во витален дел од производствената мрежа на компанијата.

Seltos уште од август се произведува во фабриката во Индија и во меѓувреме постигнува одлични продажби на пазарот со огромен потенцијал за раст. Само во ноември се продале 40.649 примероци од овој модел. Kia со тоа стана четврти најголем производител на автомобили во Индија.

Плановите за натаму предвидуваат во KMI од почетокот на 2020 година да стартува со производство голем ван со премиум карактер. Во следната есен ќе започне и производството на малечок СУВ.

Клиентите во Индија имаат можност целата процедура околу купувањето автомобил да ја извршат онлајн. Во план е да се воведе реална 24-часовна сервисна поддршка. Во државата постојат 265 салони на Kia во 160 градови, а до март 2020 година ќе се отворат уште 50 нови салони.

Производствениот капацитет во Анантапур изнесува 300.000 возила годишно, на површина од 2,16 километри квадратни. Покрај верзиите на Seltos со бензински и дизел мотори, предвидено е во фабриката да се произведуваат и електрични и хибридни возила. Вклучувајќи ги погоните на добавувачите, Kia во Индија отвори 12.000 директно или индиректно поврзани работни места со новата фабрика.

Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT

https://www.instagram.com/p/B5bs1Xmgrhb/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Вака изгледа конструкцијата на батерија на електричен автомобил

Вака изгледа конструкцијата на батерија на електричен автомобил