за

Kia GT4 Stinger ќе почека подолго: Прва е на ред Kia GT

Главниот дизајнер Петер Шрејер потврди дека концептот на купе-лимузина Kia GT ќе влезе во сериско производство пред спортското купе GT4 Stinger. Тоа сепак нема да се случи годинава.

Според главниот креатор на возилата на Kia и долгогодишна ѕвезда на сцената на авто дизајнерите Петер Шрејер, корејската марка ќе й даде приоритет на купе лимузината Kia GT за влез во сериско производство. Студијата беше прикажана пред две години, за проверка како пазарот ќе реагира на трендовска лимузина со купе опаш и вообичаени четири врати, како конкурент на Audi A5 Sportback или на штотуку претставениот BMW 4 Gran Coupe.

Иако некои медиуми веќе почнаа да најавуваат дека сериската верзија на GT4 Stinger ќе се појави уште во текот на оваа година, познавачите се сосема свесни дека ниту еден производител досега нема реагирано во толку кус период со подготовка на концептен автомобил за модел од сериско производство. Барем две години ќе мора да изминат додека воопшто се дојде до фазата кога GT4 Stinger ќе може да се најави како сериски модел. Шрејер, меѓу другото, нагласи дека за марката е повеќе интересна родстер изведбата на концептот GT4 Stinger.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda го има вистинскиот концепт за растечките пазари

Volkswagen Taigun е чекор поблиску до сериски модел