за

Мобилна апликација на Kia информира за електромобилноста

Мобилна апликација на Kia информира за електромобилноста
Мобилна апликација на Kia информира за електромобилноста

Европскиот огранок на Kia Motors разви нова мобилна апликација „Go Electric“, со сите информации околу понудата од електрични модели на марката. Апликацијата дава одговори на прашањата што поголемиот дел возачи ги поставуваат околу електричните возила, вклучувајќи и информации за работата на погонот, за чувството при возење и за начинот на полнење на батеријата.

Првата верзија на апликацијата Go Electric е посветена на популарниот кросовер e-Niro во верзијата што користи погон само на струја. Преку апликацијата може да се запознаат функциите и технологиите, како и да се дознаат детали околу досегот на најпродаваниот електричен автомобил на Kia.

Секако дека апликацијата нуди и можност за конфигурирање на e-Niro по сопствен вкус и потреби, вклучувајќи и приказ на возилото во унапредена реалност (AR), во омилената боја. Сето тоа е достапно преку сопствениот телефон или таблет.

Персоналот во салоните на Kia исто така ќе ја користи апликацијата Go Electric, за растечката понуда од електрични модели на марката да се претставува пред клиентите. Уште една предност на апликацијата е тоа што во услови на корона-криза, може од сопствениот дом да се добијат сите информации што инаку би се добиле и во салон.

Kia ќе ја освежува апликацијата со текот на времето и со пристигањето на новите електрични и плагин-хибридни модели во понудата. Апликацијата во почетокот ќе биде достапна на англиски, за понатаму да се додаваат и дополнителни јазици.

Апликацијата Kia Go Electric може да се преземе бесплатно преку следните врски

Apple App Store https://apps.apple.com/us/app/kia-goelectric-ar-experience/id1502111530

Google Play Store https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Innovam.KiaGOELECTRIC&hl=en_US

https://www.instagram.com/p/CBiISd0Kyge/

>>> Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Неколку детали пред скорешното пристигање на новата Toyota Yaris

Mercedes ќе користи автопилотски систем од Nvidia

Mercedes ќе користи автопилотски систем од Nvidia