за

Kia до април продала близу 7.000 електрични автомобили во Европа

Kia до април продала близу 7.000 електрични автомобили во Европа
Kia до април продала близу 7.000 електрични автомобили во Европа

Уделот на автомобилите на струја се зголеми значително во продажбата на Kia во Европа. Марката сега објави детали за следните електрични модели во својата понуда.

Kia денес објави детали за проширувањето на понудата од електрични модели, откако беше постигната рекордна продажба во првото тромесечие на европскиот пазар. Во споредба со истиот период лани, годинава до април се продале 6.811 електрични и плагин-хибридни автомобили во Европа, што е зголемување од 75 проценти. Овие модели сега учествуваат со точно 6,0 проценти во вкупната продажба на Kia во Европа (2,9% лани). Марката во првиот квартал продаде вкупно 113.026 автомобили во ЕУ, ЕФТА и В. Британија до април.

Планот за понатаму е Kia да нуди 11 електрични модели до 2025 година на светскиот пазар, во целата моделска гама. Првиот модел на струја од новата генерација ќе биде претставен во Европа во 2021 година. Како што објавивме претходно, станува збор за модел што ќе користи сопствена платформа и ќе се нуди само во верзија на струја.

Сериската изведба на Imagine by Kia ќе биде со повисока спецификација, но понудата наскоро ќе вклучува и подостапни модели на струја

Тоа ќе биде модел со повисока спецификација, со врвен електричен погон и со напредна технологија. Kia најавува дека станува збор за кросовер, што значи дека дизајнот и целиот концепт ќе се раководат според Imagine by Kia од салонот во Женева лани. Новиот електромобил ќе постигнува досег над 500 километри со едно полнење и на брз полнач ќе ја полни батеријата за помалку од 20 минути.

Повеќето од новите електрични возила на Kia ќе се нудат во Европа, која моментно е средиште на растежот на глобалниот пазар на електрични возила. Охрабрени сме од почетниот успех на актуелните модели на струја, од новите e-Niro и Soul EV.

Емилио Херера, оперативен директор на Kia Motors Europe

Секоја нова моделска серија што ќе се појавува на пазарот, отсега ќе вклучува и најмалку една варијанта со електромотор во погонот (благ хибрид, хибрид, плагин-хибрид или електро).

Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег
Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

По 2022 година, ќе следат уште неколку нови модели со погон само на струја, како засебни модели со карактеристичен дизајн и со нови услуги што ќе го олеснат секојдневието. Притоа се нагласува дека идните модели со електричен погон ќе се нудат во сите ценовни сегменти и со нив ќе се покрие поширок круг купувачи.

Сето тоа е предвидено во „Plan S“, кој има цел Kia да достигне годишна продажба од 500.000 електрични возила до 2026 година во светски рамки. За европскиот пазар се предвидува електричните модели да учествуваат со 20 проценти во

>>> Kia Imagine ќе стане вистински електромобил со 800V и 500 km досег

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Crafter одбележува 45-годишнина

Volkswagen Crafter одбележува 45-годишнина

Porsche отвори поп-ап салон во Штутгарт

Porsche отвори поп-ап салон во Штутгарт