108
28 shares, 108 points

Возачите на автомобил на струја обично сакаат нивното возило да се разликува во уличната слика. Kia Soul пред две генерации се појави како стилски кросовер, денес е стилски кросовер со електричен погон. Европска премиера на Kia e-Soul во Женева, досег до 450 километри

Електричниот погон не е новитет ниту во Kia, ниту во Soul. Кросоверот со впечатлив изглед уште во претходната генерација беше достапен во изведба со електричен погон. Во меѓувреме, на европскиот пазар пристига третата генерација, којашто тука ќе биде достапна само во изведба со погон на струја. Премиерата е во Женева, за неполна седмица.

Изборот се сведува на две варијанти на погонот на струја, кои се разликуваат во големината на батеријата. Kia наведува дека новата батерија во e-Soul е до 30% поефикасна од моментно најпродаваниот електро-модел во Европа, Nissan Leaf.

Седумгодишната гаранција и 150-те илјади километри важат и за електричната Kia e-Soul

Лани, претходникот Kia Soul EV постигнал повеќе продажби отколку изведбите на кросоверот со бензински или дизел мотор заедно. Еден од секои осум продадени автомобили на Kia лани бил чисто со погон на струја или во плагин-хибридна изведба. Фамозната гаранција до 7 години или 150.000 километри ги покрива електромоторот и батеријата.

Должината изнесува 4.195 mm, што е за 55 mm повеќе од претходникот. Меѓуоскиното растојание исто така порасна на 2,6 метри (+30 mm). Страничната силуета е тоа што прави e-Soul да биде посебен. Нов детал е третиот страничен прозорец, кој го нагласува впечатокот дека покривот лебди. Дизајнот на бандажите од 17 инчи е единствен за кросоверот. Посебно се нарачува СУВ-пакет, со неколку каросериски додатоци што внесуваат робусност во појавата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кај батеријата има избор на стандардна верзија од 39,2 kWh и верзија за продолжен досег од 64 kWh. Возната динамика исто така е подобрена, со електромотор кој постигнува вртежен момент од 395 Nm или за 39% повеќе од претходникот.

Напредокот во батериската хемија овозможува иста големина на батерија да акумулира до 25% повеќе енергија

Новата батерија постигнува енергетска густина од 250 Wh/kg или за една четвртина повеќе. Тоа значи дека новата батерија со иста големина како старата може да акумулира 25% повеќе енергија. Оттаму произлегува и драстично продолжениот досег на e-Soul.

Електромоторот во верзијата со батерија од 64 kWh постигнува 204 КС, додека досегот изнесува до 452 километри – според новиот циклус WLTP. Спринтот од место до темпо сто трае само 7,6 секунди. Кај стандардниот модел работи електромотор со 136 КС. Досегот во најдобар случај изнесува 277 километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Техниката дозволува користење брзи полначи со 100 kW, на кои полнењето од 20 до 80% трае 42 минути. Љубителите на спортското возење исто така ќе се „наелектризираат“ за Soul. Првпат во кросоверот работи задна оска со повеќе водилки, место торзиска оска.

Производството е во Кореја, првите примероци се очекува да пристигнат на европскиот пазар со почетокот на пролетта.

Kia има уште еден Ceed за „посадување“

Kia Stinger е автомобил на годината во Канада

Три модели на Kia со признание за најдобра противвредност во САД

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

108
28 shares, 108 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format