за

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow

Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow
Електричната Kia e-Niro со награда на изборот на Carwow

Kia e-Niro е најеколошки автомобил за 2019 година во изборот на порталот Carwow. Жирито гласаше за пристојниот досег од 454 километри, за практичноста и за богатата опременост.

Изведбата на кросоверот Kia Niro со погон на струја наиде на одлична прифатеност на британскиот пазар, кој веќе се години е јасно ориентиран кон чистите видови на погон. Овој успех на електричниот Niro сега доби и потврда, со наградата за најеколошки автомобил во изборот на порталот Carwow за 2019 година. Ова не е прва награда за кросоверот, кој се очекува наскоро да стартува и на нашиот пазар. Само од највлијателните британски медиуми, Kia e-Niro доби награда на „Автомобил на годината“ (What Car? и Driving Electric’s), „Најдостапен електричен автомобил на годината“ (Auto Express) и „Трендсетер“ (Autocar).

Како една од трите погонски варијанти, покрај класичниот хибрид и плагин-хибридот, e-Niro освои гласови најмногу со досегот од 454 километри и времетраењето на полнењето за само 54 минути до 80% наполнетост. Кросоверот на батерии, со електромотор со 150 kW/204 КС, освои дополнително бодови со богатото ниво на опременост, со практичноста, напредната технологија и безбедносната опрема.

Kia го шокираше пазарот со електричниот e-Niro. Тој докажува дека не мора да се троши богатство за просторен и практичен електирчен автомобил, со напредна технологија и со батерија што го потиснува стравувањето дека ќе снема енергија

Мет Вотсон, уредник на Carwow

Кросоверот со погон на струја пристигна на пазарот во Велика Британија многу рано, уште во април. Планираниот контингент се исцрпи за еден месец. Новите нарачки за моделот ќе почнат со испорака дури в година. Тогаш на e-Niro ќе му се придружи уште еден кросовер, стилски посебниот Soul EV, кој веќе втора генерација вози со погон на струја.

Kia e-Niro е автомобил на годината според британскиот What Car

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Краш-тест АДАК лего коцки

Колку се „безбедни“ Лего-автомобили при судир?

volkswagen id.3 pretserija

Бугарија му нуди повеќе пари на Volkswagen да ја избере земјата