156
38 shares, 156 points

Изведбата со електричен погон на кросоверот Kia Niro е севкупен победник во изборот за автомобил на годината на британскиот магазин What Car.

Електричната верзија на Kia Niro е прв автомобил од корејска марка кој ја добива ценетата награда на британскиот магазин What Car? за автомобил на годината. Тоа е воедно и првпат автомобил со погон на струја да постигне севкупна победа во изборот. Секако дека Kia e-Niro со своите 455 километри досег победи и во категоријата за електричен автомобил на годината. Моделот ќе стартува со продажба во Велика Британија веќе во април. Уште неколку модели на Kia победија во своите категории во изборите.

Електричен автомобил ја понесува ценетата титула на 42-то издание на изборот на британскиот магазин What Car

Kia e-Niro се покажа подобра од 23 победници во одделните категории на изборот. Уредникот на What Car, Стив Хантингсфорд, ја коментираше победата на корејскиот автомобил: „Фактот што Kia e-Niro ги победи сите ривали со бензински и дизел мотори сведочи за напредокот што го постигна технологијата на електричниот погон.“

Kia Niro EVГодинава беа воведени три нови категории, за оддавање признание на најдобрите автомобили со плагин-хибриден погон, на најспортските СУВ-модели и на најдобрите пикапи. Наградите соодветно им припаднаа на Volvo XC90 T8, Cupra Ateca и Volkswagen Amarok.

Ланскиот севкупен победник Volvo XC40 се врати на годинашниов избор за вторпат да победи како најдобар семеен СУВ на годината, додека Skoda Octavia ја продолжи победничката серија во категоријата на семејни автомобили.

Околу победниците на изборот решаваат експерти кои се избрани од магазинот What Car. Читателите исто така учествуваат во изборот, гласајќи за автомобилот чијашто премиера ја очекуваат најмногу во 2019 година. Тие ја избраа Honda Urban EV, сосем неслучајно, како уште еден победнички автомобил со погон на струја.

Целосната листа на победници во изборот на автомобил на 2019 година според магазинот What Car?

  • ГРАДСКИ АВТОМОБИЛИ – Kia Picanto 
  • МАЛЕЧКИ АВТОМОБИЛИ – Volkswagen Polo 
  • СЕМЕЈНИ АВТОМОБИЛИ – Skoda Octavia 
  • МАЛЕЧКИ СУВ-МОДЕЛИ – Seat Arona 
  • СЕМЕЈНИ СУВ-МОДЕЛИ – Volvo XC40 
  • ГОЛЕМИ СУВ-МОДЕЛИ – Peugeot 5008 
  • ЛУКСУЗНИ СУВ-МОДЕЛИ – Audi Q7 
  • ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ВОЗИЛА – Citroën Berlingo 
  • КОМБИ-АВТОМОБИЛ – Skoda Superb Combi 
  • СПОРТСКИ КОМПАКТ – Honda Civic Type R 
  • КАБРИОЛЕТ – Mercedes Benz S-Class Cabriolet 
  • КУПЕ – Audi A5 Coupe 
  • СПОРТСКИ АВТОМОБИЛИ – Alpine A110 
  • МОДЕЛИ СО ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ – Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio 
  • СПОРТСКИ СУВ-МОДЕЛИ – Cupra Ateca 
  • ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ – Kia e-Niro 
  • ХИБРИДИ – Hyundai Ioniq 
  • ПЛАГИН-ХИБРИДИ – Volvo XC90 T8 
  • ПРЕМИУМ ЛИМУЗИНИ – BMW серија 3 
  • ПИКАПИ – Volkswagen Amarok 
  • ЛУКСУЗНИ АВТОМОБИЛИ – BMW серија 5 
  • НАГРАДА ОД ЧИТАТЕЛИ – Honda Urban EV 
  • НАГРАДА ЗА БЕЗБЕДНОСТ – Mercedes-Benz A-Class 
  • НАГРАДА ЗА ТЕХНОЛОГИЈА – Hyundai 
  • АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА – Kia e-Niro

Со печатен и дигитален тираж од 61.062 примероци, во комбинација со 2,1 милиони месечни посети на веб-страницата, од кои 700.000 посети преку мобилен телефон, What Car? постигнува повеќе од 5,5 милиони контакти со својата публика на месечно ниво.

Електричен Kia Niro во продажба во Европа кон крајот на годинава

Kia ja претстави електричнaта изведба на кросоверот Niro

Британија се враќа на автогасот заради почист воздух

Електричните автомобили не се за автоперална според 42% од Британците

SsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
38 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *