за

Цело моделско семејство на Kia Ceed со награди за дизајн

Kia Ceed Red Dot Award 2019

Трикратна победа на Kia Ceed на овогодишното прогласување на најдобрите дизајни во рамките на манифестацијата Red Dot Awards. Сите три каросериски изведби на новиот Ceed, комбилимузината, комбито Sportswagon и купе-комбито ProCeed, ја добија престижната награда за дизајн. Kia имаше хет-трик и лани, а пред извесно време марката понесе три награди и во рамките на манифестацијата iF Design.

За познавачите на марката и на автомобилската сцена не е изненадување тоа што токму моделите на Kia честопати триумфираат на „изборите за убавина“. Повеќе од една деценија, дизајнот на возилата од марката го потпишува Петер Шрејер, кој се вбројува меѓу најдобрите активни дизајнери во автомобилската бранша. Првата награда во рамките на Red Award ја освои Kia Soul, во 2009 година. Оттогаш, марката има освоено 24 награди на оваа манифестација.

Изгледот на триото Ceed произлегува од Kia Stinger, којашто и самата е носител на наградата Red Dot во 2018 година

Дизајнот на новото моделско семејство се создаваше во европскиот центар на Kia во Франкфурт, под раководство на Петер Шрејер и Грегори Гијом, европскиот шеф за дизајн. Инженерингот и развојот се дело на центарот во Риселсхајм, исто така во Германија, додека производството на сите три каросериски изведби се одвива во супермодерната фабрика во Словачка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Манифестацијата Red Dot Awards првпат се одржа во 1955 година во организација на дизајнерскиот центар на Северна Рајна – Вестфалија. Жирито се состои од 40 експерти, главно дизајнери, професори по дизајн и новинари од цел свет. Наградите се доделуваат во три категории: Дизајн на производ, комуникациски дизајн и концепт на дизајн. Се оценуваат иновативноста, квалитетот, функционалноста и еколошката погодност.

Годинава учествуваа над 5.500 производи од компании од 55 држави. Наградите ќе се доделат на 8-ми јули во Есен, Германија, на гала-манифестација, во оперската куќа дизајнирана од прочуениот Алвар Алто.

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance

Kia има уште еден Ceed за „посадување“

Kia Stinger е автомобил на годината во Канада

Три модели на Kia со признание за најдобра противвредност во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Toyota Prius PHV продажба алтернативен погон Германија

Германскиот пазар се буди за погонот на струја