157
20 shares, 157 points

Kia продаде 132.174 возила во првите три месеци од годинава. Растот од 0,4 проценти можеби е незначителен, но се случува во услови кога целиот пазар е во благ пад. Главниот „мотор“ е новиот Ceed, со продажба зголемена за третина.

Kia во првите три месеци од годинава ја постигна најдобрата квартална продажба во Европа досега. Со 132.174 возила, продажбата пораснала за 0,6%, додека повеќето производители бележат опаѓање. Соодветно се зголеми и уделот на марката, кој сега изнесува 3,2 проценти од европскиот пазар.

Добрите вести за Kia ги носи Ceed, чиешто моделско семејство веќе се комплетира, вклучувајќи го ProCeed, кој се пробива како стилски модел во пазарниот сегмент кадешто впечатлив дизајн досега не се нудеше (со исклучок на Mercedes CLA Shooting Brake). Само во март, ProCeed има постигнато продажба колку во целата 2018 година. Тоа докажува дека чекорот е погоден. Претходникот со ова моделско име беше класична комбилимузина со три врати.

Во Франкфурт се очекува компактниот кросовер, кој ќе придонесе за уште поубедлив раст во продажбата на моделското семејство на Ceed

За салонот во Франкфурт се подготвува и кросовер изведбата од Ceed, којашто несомнено ќе придонесе за уште поголем раст во продажбата, по примерот на Volkswagen T-Roc, автомобил кој моментно постигнува најголем пазарен скок.

Тест: Kia Ceed 1.4 MPi Advance

Тоа што сцената го очекуваше со нетрпение, откако на пазарот речиси истовремено стартуваа уште два важни модели во класата (Focus и Corolla), се првите бројки од продажбата на Ceed. Сите каросериски изведби на Ceed, во првите три месеци постигнаа 24.510 продажби или 29% повеќе од истиот период лани.

Најмногу расте популарноста токму на стилското комби Kia ProCeed, со 3.908 продадени примероци до април. Класичниот Ceed и комбито Sportswagon напредуваа соодветно за 12%, односно за 13,5 проценти. Повеќе од Ceed се продава единствено Sportage, со 32.354 примероци во првите три месеци од 2019 година.

Пазарот покажува растечки интерес и за „електричните“ автомобили на Kia

Еден од секои осум продадени автомобили на Kia годинава е со електрифицирана погонска спрега. Понудата во овој сегмент опфаќа модели со благ хибриден и класичен хибриден погон, плагин хибриден погон и чисто електричен погон. Вкупно, продажбата на овие модели достигнала 18.670 примероци од јануари до март.

Најпродаван модел со електрифицирана погонска спрега е Niro, со раст од 49,6% и вкупно 15.695 примероци. Лимузинската и комби изведбата на Optima со плагин хибриден погон постигнаа раст од 48,3%, со вкупно 1.435 примероци. На електричниот Soul EV му остануваат уште неколку недели на пазарот, пред пристигањето на наследникот e-Soul. До април, тој се продаде во близу 500 примероци.

kia e-soul

Неколку пазари веќе ги продаваат електричните e-Soul и e-Niro, а се планира тие наскоро да се понудат и на целиот европски пазар. Во меѓувреме и дизел-хибридната изведба на Sportage има околу илјада продажби.

Солидно напредуваат и останатите модели. Минито со макси карактер Picanto за три месеци има постигнато 21.154 продажби (+13,8%), додека уште поубедливо напредува Stinger, кој убедил 1.103 европски возачи во првите трио месеци, што е раст од 34,5 проценти. Stonic е веднаш зад шампионското трио Sportage, Ceed, Picanto, со близу 16.000 придадени примероци и раст од 4,9 проценти.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *