за

Kia Ceed победник меѓу компактите според читателите на Ауто Билд

Kia Ceed 1.4 mpi advance test

Магазинот Ауто Билд ги повика читателите да го дадат својот глас за најдобрите автомобили во 14 класи. Победниците се одредуваа според три критериуми: Квалитет, дизајн, противвредност. Германските читатели, во компакт класата гласаа најмногу во корист на Kia Ceed.

Германскиот магазин Ауто Билд годинава го организираше деветтиот избор на најдобрите автомобилски марки според гласовите на читателите. Важниот исход за браншата се решава во 14 класи на возила, при што читателите во секоја класа гласаат според три критериуми: За марка со најдобар квалитет, марка со најдобар дизајн и марка со најдобра противвредност.

Станува збор за избор што е високо ценет од страна на производителите на автомобили и победата на одредени модели во изборот обично се користи како продажен аргумент во рекламите. Читателите гласаа за 37 автомобилски марки.

Резултатите од гласањето се посебно релевантни за компакт класата, којашто воедно постигнува и најголем удел во продажбата на европскиот пазар. Преку примерот со Kia Ceed, се покажува дека добриот баланс е најважен за победата. Kia не се натпреварува да го понуди најдобриот сооднос меѓу цената и понудата, како што е случај со Dacia, којашто победува во оваа категорија во компакт класата. Но, затоа марката е веднаш на второто место, и тоа пред Skoda.

Alfa води во дизајнот, но пропушта висок пласман во квалитетот и противвредноста, Audi убедува со квалитетот, Kia не презема водство во одделните категории, но затоа е секогаш при врвот – тоа решава за победата

Истото важи и за дизајнот. Тука најмногу гласови освоила Alfa Romeo Giulietta со 75,47%, втор е Audi, но и Kia e блиску до врвот, на третото место. Тоа што сепак решава најмногу при изборот на одреден автомобил, секако е квалитетот. Не е изненадување тоа што меѓу петте највисоко пласирани марки во овој критериум се појавуваат три премиум марки: Audi, Mercedes, BMW. Но, доколку се земе предвид дека Volkswagen на второто место и Skoda на петтото место доаѓаат од ист концерн, кој стратешки исто така става нагласок на квалитетот, тогаш се релативизира шестото место на Kia и практично може да се цени дека таа е третопласирана, по премиум марките – и по концернот VW.

По гласањето во трите категории – квалитет, дизајн и противвредност – Kia Ceed ја понесе победата во компакт класата според гласовите на читатели во изборот за најдобри марки на АУТО БИЛД

До крајниот победник во класата се доаѓа кога ќе се пресмета просечната вредност од резултатите во трите критериуми. Во случајот на Kia произлегуваат 60,25 проценти, со што Ceed ја понесува победата во важната компакт класа.

За споредба на разликата во конечните резултати со послабо пласираните модели, просекот на Mazda 3 изнесува 45,9 проценти. Hyundai, пак, го губи високиот пласман што го постигнува со добрата противвредност, затоа што отсуствува меѓу десетте марки што добиле најмногу гласови за дизајнот и не може да поентира во тој поглед. Fiat и Opel, можеби привлекуваат интерес со ниската цена, но го пропуштаат пласманот во двете останати категории, за квалитетот и дизајнот.

Ги прочитавте нашите тестови на Kia Ceed?

Kia Ceed 1.0 T-GDi test
Kia Ceed 1.0 T-GDi

тест kia xceed

Kia XCeed

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Европа во февруари

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа