164
41 shares, 164 points

Гамата на Kia Motors Macedonia е збогатена со уште една верзија на новиот Kia Ceed. Во салоните на Kia Motors низ Македонија, од денес може да ја побарате Black Pack едицијата на Ceed. Овој модел од понудата е комбиниран со најновиот 1.0 T-GDi турбо мотор со моќност од 120 коњски сили.

(ПР-објава) Всушност ова е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед кој ја проширува гамата на Ceed семејството со уште еден уникатен модел. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16“ тркала од лесна легура Anyang со црна завршница и пневматици 205/55.

Отсега, Ceed станува забавен автомобил, кој е секогаш во водство во својот сегмент. Вака спакуваната опрема во комбинација со турбо моторот, создава автомобил посакуван од сите генерации.

Моделот е достапен во продажните салони на Kia Motors Macedonia и можете да закажете тест возење во секое време.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
41 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *