147
19 shares, 147 points

Kia верува дека добар и свеж дизајн може ја врати привлечноста на големите и комотни ванови. Во текот на летото ќе биде претставена новата генерација на Carnival. Марката продаде два милиони примероци од ванот што се појави под ова моделско име во 1998 година.

Цртеж го најавува стилот на четвртата генерација на семејниот ван Kia Carnival. Тоа е познато име на сцената на овие возила што имаат комоција на лимузина, а во исто време се компактни за градското секојдневие. На некои пазари, ванот го носи името Sedona. Според корејскиот производител, новата генерација ќе ги привлече прогресивните млади семејства со комбинацијата од иновација, приспособливост и стил.

Ванот на Kia има големо наследство, со повеќе од два милиони примероци од стартот на првата генерација на моделот во 1998 година. Моќната и впечатлива појава, заедно со неколку футиристички детали и со цитати од СУВ-возилата, ги инспирираше дизајнерите на Kia да го окарактеризираат новиот ван како „Grand Utility Vehicle.

Напред се препознава стилот од новите Sorento и K5, со светла што директно пореоѓаат во фамозниот „тигарски нос“ на Kia. Дизајнерите имаат соодветен поим и за тоа, нарекувајќи го „симфонична архитектура“. Странично доминира линијата по целата должина на каросеријата, што ги спојува предните и задните светла. На сликата е затемнет тој детал, но може да се очекува дека целиот лак што ги покрива C-столбовите и продолжува под задните прозорци ќе добие хромиран финиш – по пример на ProCeed, но уште покрабро.

Ванот ќе почне со продажба прво на домашниот пазар, во третиот квартал од годинава, а потоа ќе следат и останатите пазари ширум светот. Наскоро ќе следат нови фотографии и детали околу техниката.

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *