за

Kia со рекордна продукција во фабриката во Словачка

Покрај моделите Sportage, Ceed и Venga, во Словачка се произведуваат и мотори, од кои половината се испорачуваат за Hyundai во Чешка

Kia Motors постави нов производствен рекорд во Жилина. Во фабриката што почна да работи во 2006 година, лани се произведоа преку 320.000 возила.

Фабриката на Kia во словачката Жилина лани произведе преку 323.000 возила, односно 3% повеќе отколку во 2013 година. Соодветно се зголеми и продукцијата на мотори во фабриката, на 493.000 произведени примероци, што исто така претставува нов рекорд.

Најпроизведуван модел во минатата година беше компактниот теренец Sportage со учество во вкупната продукција од 55 проценти, пред моделското семејство на компактот Cee’d, чиешто учество изнесува 36 проценти. Остатокот од девет проценти му припаѓа на компактниот ван Venga. Возилата од Словачка се извезуваат во цела Европа. Најголем пазар во минатата година беше Русија со 18 проценти од продукцијата, пред Велика Британија (13%), Германија (9%), Италија (6%) и Шпанија (6%).

Околу половина од моторите произведени во Жилина се испорачуваат во фабриката на марката-сестра Hyundai, во Чешка. Најпроизведуван мотор е 1,6-литарскиот бензинец, со учество од 22 проценти. На бензинците отпаѓа повеќе од половина од продукцијата на мотори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla ги шокира акционерите: Добивка дури во 2020 година

Audi ги претвора салоните во виртуелна реалност