за

Kia најавува единаесет модели со хибриден и електричен погон до 2020 година

Со денешната најава за стартот на новата хибридна верзија на Optima, Kia ќе започне со претставување на низа нови модели со електрификација во погонската спрега, па и модел со погон на водород.

Kia денес ги објави плановите за новите модели со хибриден и електричен погон кои ќе следуваат до 2020 година. Во следните пет години, Kia планира да се позиционира како водечка марка со возила со висока ефикасност и ниска или нулта емисија на штетни гасови. Според најавите, понудата на овие модели на Kia од сегашните 4 модели ќе се зголеми на дури 11 модели до крајот на деценијава. Со тоа, потрошувачката на гориво на ниво на целата гама на Kia ќе се намали за една четвртина во споредба во актуелната вредност.

Продажбата на новата хибридна изведба на Kia Optima ќе стартува во втората половина од 2016 година
Продажбата на новата хибридна изведба на Kia Optima ќе стартува во втората половина од 2016 година

Проширената понуда на модели ќе опфаќа широк спектар на еколошки погонски концепти, почнувајќи од хибридни и плагин-хибридни модели, преку електрични автомобили со погон на батерии, до возила со погон со горивни ќелии, односно погон на водород. Литиум-полимерната батерија и електромоторот на Kia Optima PHEV во иднина ќе се користат и во другите модели на Kia, со незначителни измени. Покрај тоа, за средината на 2016 година се најавува и комплетно нов модел на кросовер со хибриден погон.

Покрај развојот на нови погонски технологии, Kia ќе ја подобрува ефикасноста и на постоечката палета од мотори. Производителот планира седум од десетте актуелни серии на мотори да ги замени со нови генерации на бензински и дизел мотори, како и да го зголеми учеството на мотори со турбонатполнење. Kia воедно ќе користи во поголем обем и челик со ултрависока цврстина во идните нови модели, заради намалување на тежината за околу 5 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Optima PHEV: Прв хибрид на Kia со приклучок за полнење

Фабриката во САД е недоволна, BMW X3 ќе доаѓа и од Јужна Африка