за

Kia ги објави првите фотографии од новиот Sorento

Третата генерација на најголемиот европски модел на Kia е подолга, поширока и пониска од претходникот, со многу подинамичен изглед и поголема просторна понуда во кабината.

По неодамна објавените скици рендери, Kia Motors денес ги објави и првите официјални фотографии од новиот Kia Sorento. Третата генерација на популарниот теренец на Kia се претставува со нов, подинамичен дизајн, со моќна структура на површините на каросеријата. Во споредба со претходникот, новиот Sorento е подолг, поширок и понизок, има поголемо меѓуоскино растојание и нуди повеќе простор во кабината. Дизајнерите внесоа премиум нота во изгледот на каросеријата и кабината, повикувајќи се на елементите што првично беа прикажани со студијата Kia Cross GT од салонот во Чикаго во 2013 година. Премиерата на новиот Kia Sorento ќе се случи кон крајот на месецов во Кореја, додека европската премиера следува во почетокот на октомври, на салонот во Париз.

Новакот ги презема главните обележја на моделот од претходната генерација и се препознава како Sorento. Долгата хауба и карактеристичките широки задни столбови се задржани. Каросеријата е дизајнирана под раководство на центарот во Намјанг, со асистенција од центрите за дизајн во Франкфурт и Ирвајн, Калифорнија. Атлетската појава во дел произлегува и од понискиот покрив (-15 mm), како и од моќниот опаш. Каросеријата е подолга за 9,5 сантиметри и сега мери 4,78 метри меѓу браниците, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2,78 метри, односно 8 сантиметри повеќе од порано. Со тоа се овозможи и повеќе простор за патниците во третиот ред.

Шефот на маркетинг Сон-Нам Ли ветува: „Комплетно новоразвиениот модел нема да ве изненади само со темелно освежениот дизајн, туку и со новата комфорна и безбедносна технологија, поголемата просторна понуда, поголемиот комфор во возење и подобрената возливост.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во јуни продадени 392 возила во Македонија

Индиските газди на Jaguar и Land Rover со тројно зголемена заработка