167
21 shares, 167 points

Возилата кои поседуваат систем за пристап и стартување без клуч се лесна мета за крадците на автомобили. Клубот АДАК тестираше 24 модели и во сите успеа да „провали“.

Клубот АДАК провери дали може лесно да ги отклучи и стартува актуелните автомобилски модели со злоупотреба на системот познат како „keyless entry“ и дојде до застрашувачки резултати. Сите 24 тестирани возила беа лесни за кражба, иако проблемот е познат веќе со месеци. Крадците на автомобили воопшто не мора да се мачат. Неопходниот хардвер чини неколку стотини евра и може да го изработи секој што поседува барем мали познавања од електроника. Проблемот се јавува кај модели од реномирани производители, како Audi, BMW, Ford, Renault, Opel и VW.

Keyless Entry е систем кој треба да го олесни автомобилското секојдневие на корисникот и денес го нудат речиси сите производители, главно како дополнителна опрема. Кога возилото ќе препознае дека клучот е во близина, вратите се отклучуваат автоматски. Покрај тоа, моторот се стартува со притискање на копче, што значи дека клучот воопшто и не мора да се вади од џеб. Системот работи преку радио бранови, најчесто на фреквенција меѓу 125 kHz и 433 MHz. Возилото го чита кодот во клучот и го одобрува пристапот, со отклучување на вратите и со активирање на копчето за стартување на моторот.

keyless entry adac (1)
Крадецот А го поставува уредот во близина на клучот од возилото и со тоа ја продолжува радио врската кон крадецот B, кој со вториот уред стои покрај вратата од возилото. Автомобилот се отклучува и моторот може да се стартува, затоа што и имобилизаторт и алармот се деактивираат (Фото: ADAC)

Проблемот со системот „Keyless Entry“ е познат веќе со години. Провалникот треба само да го продолжи радио сигналот меѓу клучот и возилото. Потребниот хардвер се состои од два дела: Еден уред се поставува во близина на возилото, а вториот уред треба да се постави во близина на клучот. Меѓу обата уреда се воспоставува радио врска со висок досег. Уредите ги спроведуваат сигналите од автомобилот и клучот преку оваа радио врска, при што клучот го отклучува возилото иако не се наоѓа во непосредна близина.

Соодветни уреди веќе извесно време се продаваат и преку интернет, за десетина илјади евра. Но, толкав трошок воопшто не е потребен. Клубот АДАК успеа да ја продолжи радио врската со самостојно изработен хардвер, за само неколку стотини евра. Доволно е хардверот да се приближи на само два метри до клучот, за возилото да се отклучи и моторот да се стартува. Провалникот може да седи во кафуле покрај сопственикот на возилото, додека неговиот „колега“ влегува во возилото.

Овој вид на провала во возилата веќе се практикува од провалничките банди. Поскапите уреди можат да премостат и поголеми растојанија од два метри до клучот од возилото, па дури и преку ѕид. АДАК успеа да го надмудри системот во возила од следниве марки: Audi, BMW, Citroen, Ford, Honda, Hyundai, Kia, Lexus, Range Rover, Renault, Mazda, Mini, Mitsubishi, Nissan, Opel, SsangYong, Subaru, Toyota и VW. Клубот тестираше 24 возила и успеа да провали во сите. Од проблемот веројатно се погодени и модели од другите марки.

Експертите на АДАК советуваат сопствениците да внимаваат подобро на клучот од возилото и да го деактивираат системот Keyless Entry во сервисна работилница. Производителите на автомобили исто така мора да вложат напори да ја обезбедат целосната електроника во возилото, што веќе е индустриски стандард кај производителите од останатите бранши.

Ова се 24-те модели во коишто АДАК успеа да провали:

  • Audi A3 (2015)
  • Audi A4 (2015)
  • Audi A6 (2014)
  • BMW 730d (2015)
  • Citroen DS4 CrossBack (2015)
  • Ford Galaxy (2014)
  • Ford EcoSport (2015)
  • Honda HR-V (2015)
  • Hyundai Santa Fe (2015)
  • Kia Optima (2015)
  • Lexus RX 450h (2015)
  • Range Rover Evoque (2015)
  • Renault Traffic (2015)
  • Mazda CX-5 (2015)
  • Mini Clubman (2015)
  • Mitsubishi Outlander (2013)
  • Nissan Qashqai+2 (2013)
  • Nissan Leaf (2012)
  • SsangYong Tivoli XDi (2015)
  • Subaru Levorg (2015)
  • Toyota RAV4 (2015)
  • Volkswagen Golf GTD (2013)
  • Volkswagen Touran (2015)

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743