за

Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?
Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Периодов нема ден без вест за барем неколку моделски освежувања во понудите на производителите на автомобили. Промените однадвор обично се сведуваат на мали дотерувања во маската и слични зафати, но главната цел на моделските освежувања е под хаубата. Се користат најразлични степени на електрификација на погонската спрега, од благи хибриди до целосно електрични автомобили, со цел да се смали емисијата на СО2. Доколку производителите не ги преземат овие промени, в година им претстојат скапи казни. Засега е мала веројатноста дека некој производител воопшто ќе мине без казна поради пречекорување на СО2-лимитот на ЕУ.

Автомобилската индустрија е под силен притисок. Дополнително се случи и корона-кризата, поради којашто производството мируваше подолго од еден месец. На концерните им недостига приходот од автомобилите што не можеа да ги произведат и продадат, но тој проблем би можело да се ублажи до крајот на годината, зависно од динамиката на продажба.

Но, индустријата се соочува со уште поголем предизвик. На десетте најголеми производители на автомобили може да им биде изречена казна во вкупна висина до 114,6 милијарди евра во следната година, доколку не ги исполнат барањата на ЕУ за намалување на емисијата на СО2.

Автомобилските концерни моментно се оддалечени многу од лимитите на ЕУ. Не изненадува тоа што Daimler „заостанува“ најмногу во поглед на смалувањето на емисијата на СО2, затоа што најголемиот дел од неговата продажба отпаѓа на луксузни и тешки лимузини и СУВ со големи мотори. Наспроти тоа, Peugeot и останатите марки од концернот, немаат проблем ги исполнат барањата на ЕУ, затоа што нивната понуда се состои главно од мали автомобили со послаби мотори.

Доколку Daimler со своите автомобилски марки Mercedes, AMG и Smart не ја донесе просечната емисија на СО2 на целиот свој возен парк под лимитот на ЕУ, концернот би морало на Комисијата на ЕУ в година да ѝ плати казна во висина од 13,3 милијарди евра. Тоа секако не значи дека германскиот производител со традициоа што досега до „исконските“ времиња на автомобилската индустрија произведува нееколошки возила, туку едноставно неговата понуда се состои од големи и тешки возила.

Најдобро ќе помине Toyota, што исто така е сосем разбирливо. Шампионот во хибридната техника со мали „зафати“ во својата понуда од модели ќе ја донесе емисијата на СО2 во рамките на лимитот на Унијата.

Ниту еден концерн моментно не ги исполнува лимитите на ЕУ

ЕУ бара емисијата на СО2 по извозен километар од 2020 година да биде под 95 грами за новите возила, со цел да се заштити климата. Тоа одговара на потрошувачка од околу четири литри бензин на сто километри. Вредноста е малку пониска за дизелите. Но, желбите и реалноста се многу раздалечени. Моментно Daimler е оддалечен најмногу од 95-те грами СО2 на километар, односно е за 42 грами над лимитот. Најблиску е Toyota, со само 6,3 g CO2/km.

https://photos.app.goo.gl/zdH3KNLV4SsqsoJc8

За секој грам и за секое возило, што го надминува лимитот на ЕУ, предидена е казна во висина од 95 евра. Покрај тоа, производителите ќе мораат да ја компензираат и емисијата од возилата што ќе ги продадат во рамките на една година. Десетте најголеми производители на автомобили, на име на последната ставка треба да платат вкупно 424 милијарди евра за 2019 година. Досега тие немаат платено ниту евро.

Сообраќајот учествува со 30% во вкупната емисија на СО2 во ЕУ, а близу три чевртини (72%) од емисијата отпаѓа на патниот сообраќај. Индустријата и енергетиката постојоано ги смалуваат емисиите на СО2.

Детален приказ на состојбите околу емисијата на СО2 на 10-те најголеми производители на автомобили

Производител · Daimler AG

  • Годишен приход · 172.745.000.000 €
  • Продадени автомобили · 3.340.000
  • Просечна емисија по автомобил · 58.7 тони CO2
  • Компензација · 29.408.700.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 17.02%
  • Просечна емисија на возен парк · 137 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 42 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 13.326.600.000 €

Производител · Mazda Motor Corporation

  • Годишен приход · 29.519.509.940 €
  • Продадени автомобили · 1.239.499
  • Просечна емисија по автомобил · 56 тони CO2
  • Компензација · 10.411.791.600 €
  • Компензација како % од годишен приход · 35.27%
  • Просечна емисија на возен парк · 135.2 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 40.2 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 4.733.646.681 €

Производител · BMW

  • Годишен приход · 92.175.000.000 €
  • Продадени автомобили · 2.538.367
  • Просечна емисија по автомобил · 54.4 тони CO2
  • Компензација · 20.713.074.720 €
  • Компензација како % од годишен приход · 22.47%
  • Просечна емисија на возен парк · 127 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 32 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 7.716.635.680 €

Производител · Fiat Chrysler Automobiles

  • Годишен приход · 111.403.384.445 €
  • Продадени автомобили · 4.418.000
  • Просечна емисија по автомобил · 63.1 тони CO2
  • Компензација · 41.816.370.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 37.54%
  • Просечна емисија на возен парк · 124.4 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 29.4 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 12.339.474.000 €

Производител · Volkswagen Group

  • Годишен приход · 125.200.000.000 €
  • Продадени автомобили · 10.975.000
  • Просечна емисија по автомобил · 53.8 тони CO2
  • Компензација · 88.568.250.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 70.74%
  • Просечна емисија на возен парк · 124 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 29 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 30.236.125.000 €

Производител · Ford Motor Company

  • Годишен приход · 137.503.968.400 €
  • Продадени автомобили · 5.500.000
  • Просечна емисија по автомобил · 61.4 тони CO2
  • Компензација · 50.655.000.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 36.84%
  • Просечна емисија на возен парк · 123.7 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 28.7 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 14.995.750.000 €

Производител · Hyundai Motor Group

  • Годишен приход · 80.301.814.299 €
  • Продадени автомобили · 4.430.000
  • Просечна емисија по автомобил · 54 тони CO2
  • Компензација · 35.883.000.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 44.69%
  • Просечна емисија на возен парк · 121.9 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 26.9 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 11.320.865.000 €

Производител · Groupe PSA

  • Годишен приход · 74.027.000.000 €
  • Продадени автомобили · 3.877.765
  • Просечна емисија по автомобил · 49.2 тони CO2
  • Компензација · 28.617.905.700 €
  • Компензација како % од годишен приход · 38.66%
  • Просечна емисија на возен парк · 114.1 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 19.1 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 7.036.204.593 €

Производител · Renault

  • Годишен приход · 55.537.000.000 €
  • Продадени автомобили · 3.753.723
  • Просечна емисија по автомобил · 55.7 тони CO2
  • Компензација · 31.362.355.665 €
  • Компензација како % од годишен приход · 56.47%
  • Просечна емисија на возен парк · 113.2 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 18.2 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 6.490.187.067 €

Производител · Toyota Industries

  • Годишен приход · 250.336.282.000 €
  • Продадени автомобили · 10.740.000
  • Просечна емисија по автомобил · 53.8 тони CO2
  • Компензација · 86.671.800.000 €
  • Компензација како % од годишен приход · 34.62%
  • Просечна емисија на возен парк · 101.3 g CO2/km
  • Оддалеченост од целта за 2021 · 6.3 g CO2/km
  • Можна годишна казна · 6.427.890.000 €

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Само 14% од германските возачи уште се за дизел

Хибридите достигнаа 10,9% удел во Швајцарија

bentley bentayga

Bentley Bentayga со нов залет по првите 20.000 примероци