149
20 shares, 149 points

Прочуената патека за картинг, на којашто своевремено тренирал Михаел Шумахер во родниот Керпен, нема да падне како жртва на планот за ископ на јаглен. Заслугата за тоа ја има токму Грета Тунберг.

Голем број љубители на мотоспортот ќе станат фанови на шведската активистка за животна средина Грета Тунберг. Како што објави германскиот магазин АУТО БИЛД на својот портал, протестите што таа ги организирала придонеле за откажување на планот за отпочнување со ископ на јаглен во шумите околу гратчето Хамбах. Тунберг го посетила регионот во август лани, а како резултат на неодамна склучениот пакт, планот за рудник за јаглен се откажува.

Патеката за картинг е на рамниште на култ за љубителите на мотоспортот. Михаел Шумахер го стекнувал и усовршувал своето возачко искуство на оваа патека, што доведе Германецот да стане седумкратен светски првак во Формула 1. Неговиот татко Ролф работел како чувар на патеката, а мајката Елизабет била задолжена за готвењето.

Активистите за животна средина имаат заслуга што на најславната патека за картинг во светот и натаму ќе се создаваат возачки таленти. Таа им припаѓа на Асоцијацијата на пријатели на мотоспортот на Волфганг Граф Берге фон Трипс, на Клубот за картинг на Керпен и на Михаел Шумахер. Германскиот магазин се повикува на поранешна изјава на Шуми: „Патеката за картинг ми е како дом“. Неговиот брат Ралф исто така силно се залагаше за зачувување на патеката.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *