за

Општина Карпош прави набавката на возила да биде добра вест

Општина Карпош нови возила
Општина Карпош нови возила

Во возниот парк на Општина Карпош пристигнаа неколку наменски возила за одржување на улиците и за собирање отпад. Целата постапка околу набавката и изборот мина незабележано во медиумскиот простор – затоа што сé е правилно.

Вестите обично не се двојат на добри и лоши, затоа што според вечното правило, лошите вести секогаш се шират побрзо и се добри за споделување. Затоа и вестите што досега се објавувале при набавките на возила и обновувањето на возниот парк во јавниот сектор секогаш биле поврзувани со одредени неправилности, па по некоја логика на инерција би можело да се заклучи дека секоја набавка е лоша. Но, не морало да биде.

На службеното паркиралиште на Општина Карпош се појавија неколку нови возила што имаат специјална намена со цел на одржување на јавната хигиена. Како што ни соопштуваат од Општината, станува збор за две цистерни за миење на сервисните улици, еден лесен камион со отворена товарна платформа за подигнување отпад, рачен вшмукувач за лисја и џебен отпад, како и опрема за расчистување снег и мраз, којашто се состои од плуг и распрскувач на сол.

Возилата и пратечката опрема се набавени со користење на грантот за успешност од Светска банка во висина од 75.000 евра, кој беше добиен лани во август, откако Општината успешно обнови повеќе улици и ја прошири атмосферската канализација. Овие грантови, пак, се дел од проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии.

New item by Automedia MK / Google Photos

Користењето на овие возила во одржувањето на чистотата на улиците што се под надлежност на Општина Карпош дополнително ќе придонесе и за намалување на загаденоста на воздухот, како проблем што масовно е присутен во повеќето населени места во државата. Како што укажуваат светските студии и искуства, освен со штетните материи во издувите гасови од возилата, сообраќајот дополнително придонесува за загаденоста на воздухот и со честичките што се ослободуваат при абењето на гумите на возилата со асфалтот, како и со честичките при триењето во сопирачките на возилата.

Избрани возила што реално одговараат за ниво на работа во општински рамки, место за расчистување снег на Стража

Од тоа што ние можеме да го оцениме во поглед на изборот на возилата, кои потекнуваат од кинески производител, предностите се во ниските оперативни трошоци, затоа што станува збор за лесни товарни возила, соодветни за обемот на работа на територија на општина, а воедно и за техника што е робусна и едноставна за одржување и сервисирање. Тоа, пак, понатаму ќе влијае за возилата да бидат во редовна употреба и ќе придонесе за реално да се постигне поголема чистота на улиците – вклучувајќи го и аспектот на намалениот удел од штетни честички кои се разлетуваат во воздухот при движењето на возилата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во изјавата што ја добивме за зголемувањето на возниот парк на Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев посочува: „Мило ми е што го зголемуваме возниот парк со механизација за поддршка на нашите комунални служби, за миење на улиците и полесно подигнување на отпад. Нема набавка на луксузни возила, туку фокусирани сме да ја подигнеме јавната хигиена и да го намалиме еден од најгорливите проблеми – аерозагадувањето. Старите карпошани, скопјани ја паметат сликата на миење на улиците со цистерни и ова повторно ќе биде наша реалност“.

Минатата година, Општината набави и две машини за перење под висок притисок (т.н. вапови) кои комуналните служби ги користат за чистење на јавни површини, плоштади и платоа.

Со градоначалникот Стефан Богоев околу новите сообраќајни решенија во Карпош

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полицијата во Берлин воведува ред со Toyota Mirai на водород

Полицијата во Берлин воведува ред со Toyota Mirai на водород

Kia XCeed iF Design Award

Kia XCeed со награда за дизајн, четврта за моделското семејство Ceed