за

Карлос Гон ја открива вистината за неговото притворање

карлос гон вистина притворање

Карлос Гон фрла тешки обвинувања во интервју за јапонскиот Никеи. Долгогодишниот шеф на Renault-Nissan се сомнева дека зад неговото притворање стои заговор. Одредени кругови сакаат да го отстранат од сцената.

Поранешниот шеф на Renault, Карлос Гон, цени дека обвинувањата што му се префрлуваат за наводни криминални дела се дел од заверата на неговите соперници. Одредени кругови го прикажале неговото силно раководство како диктатура, со цел да се ослободат од него. Тоа го изјави Гон во интервју за јапонскиот економски дневник Никеи. Со неговото симнување од сцената требало да се спречи поинтензивно спојување меѓу францускиот производител Renault и јапонските партнери Nissan и Mitsubishi.

Гон во минатиот септември разговарал околу тие прашања со Нирото Саикава, претседател на Nissan. Ова е прво интервју на родениот Бразилец по неговото притворање. Тој моментно се наоѓа во затвор во Токио.

Сите доказни материјали се кај Nissan, а Nissan им забранува на своите вработени да разговараат со мене.“

Карлос Гон, во првото интервју по притворањето во Токио

Како една од највлијателните и најпочитувани фигури на автомoбилската сцена, 64-годишникот во средината на ноември беше притворен и обвинет за манипулација при издавањето хартии од вредност, заедно со неговата поранешна десна рака Грег Кели. Според државното обвинителство, тој дополнително ги префрлувал и личните инвестициски загуби на сметка на Nissan. До донесувањето на пресудата може да минат уште неколку месеци.

Карлос Гон отфрлува секаква вина

Менаџерот ја отфрлил вината пред судот. Гон своевремено го спаси Nissan од потенцијалниот крах и создаде глобално моќна алијанса од Nissan, Renault и Mitsibishi Motors. Лани алијансата продаде 10,76 милиони возила, постигнувајќи зголемување од 1,4 процент. Додека Renault и Mitsubishi бележат раст, кај Nissan има намалување на продажбата за 2,8 проценти, на 5,66 милиони возила.

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Новиот Renault Clio почнува од внатрешноста

Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност

Renault Arkana како прв СУВ-купе во класата – и само за Русија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lada продажба автомобили Русија

Lada продала 360.000 возила на рускиот пазар лани

Ford Focus 10 EB 125 KS Titanium Business

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business