166
22 shares, 166 points

Снимки од безбедносни камери потврдија дека поранешниот шеф на Renault-Nissan навистина побегнал од Јапонија сокриен во куфер за контрабас. Тамошните медиуми откриваат дека во бегството на Карлос Гон помогнале двајца Американци.

Еден од најуспешните автомобилски менаџери во последните неколку децении, Карлос Гон, побегнал од Јапонија сокриен во куфер за контрабас. Во бегството со приватен авион му помогнале двајца Американци, кои за таа цел посебно допатувале во земјата. Тоа се покажало на снимките од безбедносните камери. Поранешниот прв човек на француско-јапонската алијанса Renault-Nissan-Mitsubishi се наоѓаше во истражителен притвор во Јапонија, но лани во април беше пуштен на условна слобода.

Како што објави тв-каналот NHK, Гон сам го напуштил својот дом во Токио на 29-ти декември и отишол до хотел оддалечен околу 800 метри, кадешто се сретнал со двајца Американци. Според информациите на „New York Times“, едниот од помошниците е Мајкл Тејлор, американски советник за безбедност и поранешен член на специјалната единица Зелени Беретки. Тие утрото допатувале со приватен авион од Дубаи и слетале на аеродромот Кансаи во Осака. При чекирањето во хотел во близина на аеродромот, тие имале со себе големи куфери за контрабас.

Двајцата Американци потоа се качиле на брзиот воз Шикансен од Осака до Токио. Гон се вратил со нив, во хотелот во Осака. На заминување, камерите ги забележиле само двајцата Американци со два големи куфери за контрабас

По два часа, Американците со два големи куфери за контрабас се одјавиле од хотелот. Камерите повеќе не го забележуваат Гон. Големите кутии биле пријавени како куфери за музички инструмент, а тие не минуваат низ рентгенски преглед на аеродромот. Цариниците исто така не ги отвориле кутиите. Приватниот авион полетал за Турција во 23.15 часот локално време.

Гон најави дека во среда ќе даде изјава за медиумите. Јапонскиот производител Nissan и партнер на Renault денес излезе со соопштение дека продолжува правно да го гони Гон. Според соопштението, „Гон соодветно ќе одговара за штетата што му ја нанесе на Nissan со своите постапки.“

По спектакуларното бегство преку Истанбул, до конечното одредиште Бејрут, во Либан, Јапонија ќе ја подигне кауцијата за условното пуштање на Гон. Државата ќе ја касира кауцијата во висина од 1,5 милијарда јени, односно 12,4 милиони евра. Мали се шансите дека Карлос Гон ќе најде повторно пред јапонскиот суд, затоа што Либан нема потпишано спогодба за испорака на осуденици со Јапонија.

На јапонските аеродроми почнаа да се проверуваат сите крупни парчиња багаж на патниците во приватни авиони

Јапонските власти го оценија бегството на Гон како криминално дело. За бегството се користени авиони на турската компанија MHG, еден од Дубаи до Осака и од Осака до Истанбул, друг од Истанбул до Бејрут. Чартер-превозникот започна истрага за лицата вмешани во илегалното дело. Турската информативна агенција Анадолу претходно објави дека во Турција се приведени седум лица, меѓу кои и четири пилоти, под сомнение дека учествувале во бегството на екс-менаџерот. Гон има француско, бразилско и либанско државјанство.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
22 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *