164
21 shares, 164 points

Студијата на американската автомобилска асоцијација спроведена во Канада открива дека сопствениците на електричен автомобил повеќе нема да купат возило што користи фосилно гориво. Дури 96% од испитаниците кажале дека следниот автомобил што ќе го купат или земат под финансирање повторно ќе биде електричен автомобил.

Во студијата на автомобилската асоцијација се наведува дека милиони Канаѓани се заинтересирани за купување електричен автомобил. Причината поради којашто тие не се решиле да го преземат тој чекор е цената на возилото, а не ограничениот досег во споредба со автомобил што користи фосилни гориво. Тоа докажува дека владините субвенции се од суштинско значење кога станува збор за изборот на електричен автомобил.

Единствените две провинции во Канада што одобруваат субвенции за електрични автомобили во висина од 5.000 долари или повеќе се Британска Колумбија и Квебек. Тие воедно имаат и највисока продажба на електрични возила во земјата.

Студијата открива дека три од секои четири сопственици на електромобил ја полнат батеријата дома

Студијата доаѓа до заклучок дека луѓето што стравуваат од помалиот досег на овие возила, обично го надминуваат овој страв веднап штом ќе се најдат зад воланот на автомобил на струја и ќе се уверат дека стравувањето е непотребно покрај големиот технолошки напредок.

Трошокот за 15.000 милји (околу 24.000 km) со електричен автомобил изнесува околу 546 канадски долари (ca. 23.000 денари) во споредба со 1.255 долари (ca. 53.000 денари) со споредлив модел со погон на обично гориво.

Истражувањето понатаму открива дека електричните автомобили имаат помалку потреба за редовно одржување и дека возилата се одржуваат според фабричките препораки, затоа што трошокот за редовното сервисирање изнесува нешто помалку од 1.000 долари годишно (ca. 42.300 денари).


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
21 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *